Достапни линкови

Референдум за независност на курдскиот регион во Ирак


Од митинг за поддршка на референдумот за независност на курдскиот регион во Ирак, Духук, 16.09.2017.

Властите на курдскиот регион во Ирак за денеска најавија референдум за независност и покрај противењето на Багдад и меѓународната заедница, како и заканите за возвратни мерки. Претседателот на регионот Масуд Барзани пред референдумот за независност на таа автономна област ги повика жителите да излезат на гласање, наведувајќи дека партнерството со Багдад пропаднало. Тој додаде дека успешниот референдум нема да значи и прогласување на независност веднаш, туку ќе биде старт за сериозни преговори со Багдад. Од друга страна ирачкиот премиер Хајдар ал Абади изјави дека ќе преземе мерки да го зачува единството на земјата.

XS
SM
MD
LG