Достапни линкови

Премиерот Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН


Премиерот Зоран Заев се сретна со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, Њујорк, 21.09.2017.

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Делегацијата предводена од премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествува на 72. Генерално собрание на ОН кое неделава се одржува во Њујорк. Премиерот Заев имаше работни средби со еврокомесарот Јоханес Хан и со Федерика Могерини, високата претставничка за надорешна политика на ЕУ. Тие потоа имаа заедничка вечера со лидерите од земјите на Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG