Достапни линкови

Заев до Хан – Очекуваме датум за преговори


Премиерот Зоран Заев се сретна со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во Њујорк

Премиерот Зоран Заев во Њујорк се сретна со комесарот за преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој порачал дека Владата треба да продолжи да работи демократски на започнатите реформи и оти тоа што ќе го постигнете е важно за песпективите на вашата држава и за целиот регион.

Тој, како што соопшти службата за информирање на Владата, ги оценил иницијативите на македонската Влада за добрососедство и регионална соработка како корисни во процесот на интегрирање на целиот Западен Балкан во евро-атлантските интеграции.

Заев потенцирал дека Македонија наесен очекува отстранување на условеноста на препораката, а потоа и датум за преговори.

XS
SM
MD
LG