Достапни линкови

Северна Кореја и Иран во фокусот на говорот на Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи своето прво обраќање до Генералното собрание на ОН за да ги повика членовите да заземат поостра политика против Северна Кореја и Иран, притоа заканувајќи се дека "целосно ќе ја уништат Северна Кореја" доколку Обединетите нации не успеат се справат со заканата.

Во својот говор Трамп зборуваше за заканата за глобалната безбедност што ја создаде развојот на нуклеарното оружје и интерконтиненталните балистички ракети од страна на Северна Кореја. Тој го нарекуваше севернокорејскиот лидер Ким Јунг Ун, "ракетен човек", велејќи дека бил на "самоубиствена мисија".

"САД имаат голема сила и трпеливост, но ако е принудена да се брани себеси или своите сојузници, нема да имаме друг избор освен целосно да ја уништиме Северна Кореја". Ракетниот човек е на самоубиствена мисија за себе и за неговиот режим. САД се подготвени, подготвени и способни. Но, се надевам, ова нема да биде потребно. Затоа постојат Обединетите нации. Ајде да видиме што тие ќе направат," рече Трамп во говорот.

Трамп посочи дека е веќе време за нациите во светот да се соочат со она што тој го нарекува "друг несовесен режим", алудирајќи на Иран. Тој додаде дека иранската влада е убиствена влада која го поткопува мирот низ Блискиот Исток. Според него, на Техеран не може да му биде дозволено да продолжи со развојот на своите "опасни ракети".

Трамп, исто така, имаше критики и за Русија и Кина, велејќи дека САД мора да ги отфрлат заканите за нивниот суверенитет кој пристигнуваат од Украина до Јужното кинеско Море.

XS
SM
MD
LG