Достапни линкови

Официјално отворена Амбасадата на Јапонија во Скопје


Официјално отворање на амбасадата на Јапонија во Македонија

Со изведување на церемонијата „кагами бираки“ - кршење на буре со саќе како симбол на отворање кон хармонија и среќа денеска во Скопје беше официјално отворена Амбасадата на Јапонија.

На свеченоста државниот министер за надворешни работи на Јапонија Казујуки Накане и јапонскиот амбасадор Кеико Ханеда наздравија за успешно продолжување на билатералните односи меѓу двете земји.

Државниот министер за надворешни работи на Јапонија Накане рече дека преку отворањето на оваа амбасада би сакале и понатаму да ги развиваат пријателските билатерални односи меѓу двете земји.

Република Македонија и Јапонија воспоставија дипломатски односи во март 1994 година. Амбасадата на Република Македонија во Токио е официјално отворена во мај 2013 година, а првиот резидентен амбасадор во Јапонија Андријана Цветковиќ ги предаде акредитивните писма на јапонскиот император Акихито во декември 2014 година.

Јапонија активно ја поддржува Македонија и досега на полето на економската соработка има обезбедено 272,5 милиони евра грантови за здравство, образование и развој на локалните заедници, како и 96,89 милиони евра кредити за развој на инфраструктурата. За техничка поддршка преку програми за размена на експерти и обуки над 47,2 милиони евра и над 500 стипендии за постдипломски студии, истражувања, обуки и јакнење на капацитетите. Јапонија на Македонија и додели 4,7 милиони ерва помош за справување со бегалската криза.

XS
SM
MD
LG