Достапни линкови

Плус за надворешната политика, минус за несправувањето со криминалот


Прес-конференција на Претседателот на Влада Зоран Заев за 100 дена влада.
Прес-конференција на Претседателот на Влада Зоран Заев за 100 дена влада.

Средбите на меѓународен план и стабилизацијата после кризата, се позитивните работи во првите 100 дена Влада, велат аналитичари. Како недостатоци ги посочуваат одолговлекувањето на избор на јавен обвинител и несправувањето со криминалот. Дел од граѓаните се задоволни од новата власт, дел не гледаат што е направено до сега.

По повод првите 100 дена од работата на Владата аналитичарите како позитивно ги оценуваат остварените средби на меѓународен план, но воедно предупредуваат дека во периодот што претстои, особено по локалните избори потребно е да се посвети поголемо внимание и на внатрешен план во делот на кадровските политики, наведувајќи дека некои од персоналните решенија за градоначалници укажуваат дека немаат политика која е стабилна на подолг рок.

Успеси на надворешен план

Универзитетскиот професор Никола Дујовски коментира дека што се однесува на надворешната политика на Владата тука е направено придвижување во смисла на многу остварени посети и дека прв резултат од тоа е потпишување на договорот со Бугарија за брзо време.

„Тоа би потенцирал дека е навистина добро. Средбите со Коѕиас кои беа почеток за нешто што треба да значи поголем исчекор на Македонија кон НАТО. Средбите на министерот за надворешни работи Димитров со многу дипломати во Европа“, вели професор Дујовски.

Во врска со внатрешната политика тој е задоволен од стабилизирање на состојбата по повеќегодишната политичка криза, промената на дел од законите, укинувањето на екстерното тестирање и почетокот на подготовката на нови закони во сферата на образованието и земјоделството, како и од почетокот на зајакнување на капацитетите за користење на ИПАРД фондовите кои, според него, ќе дадат голем придонес во напредокот кон Европа.

Пропусти- нема нов јавен обвинител и несправување со криминалот

Во политичка смисла како пропуст Дујовски го наведува долгото траење на постапката за избор на нов јавен обвинител, укажувајќи дека Македонија излегува од тешка политичка криза и тие процеси можеби можело да бидат малку позабрзани.

Дујовски искажа и забелешки дека некои од персоналните решенија за кандидати за градоначалници укажуваат дека нема политика која е стабилна на подолг рок

„Видовме дека имаат сериозен проблем од недостаток на кадар. Претходната Влада го остави до тој степен поразено општеството што тешко може да најдеме професионалци што ќе ги раководат институциите. Веројатно тоа е и максималниот капацитет во моментот кога излегувате од криза и можеби е разбирливо што нема баш секој да се нафати да раководи на еден нов современ и послободен начин“, вели Дујовски.

100 дена Влада: Подобар живот или цунами?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Аналитичарот Алајдин Демири оцени и дека односите во коалицијата не се особено идилични и дека тоа може да биде доведено во прашање во моментот на активирање на кампањата за локалните избори.

„Во оваа Влада веќе министерот Таравира укажа дека е лабилна. Не може да се смета на стабилни потези во врска со коалицирање. ДУИ тука игра подмолна улога и не се знае како ќе функционира. Сметам дека огромна слабост на оваа Влада е лабавоста меѓу коалициските фактори која може да биде фатална“, вели Демири.

Тој истакнува дека позитивно е што новата влада се оддалечи од моделот на анти-реформска влада, што го практицираше претходната влада, и на тој начин го стабилизира политичкиот дискурс. Што се однесува на економската димензија, тој вели дека рано е да се зборува зашто таа состојба е наследена од претходно

„Едно е важно, направи клима за реформи и почна да ги спроведува дел од тие реформи и тоа пред сè во правото, кои почнаа со некои судии, со јавниот обвинител, а за другите економски реформи не може да се зборува зашто тие се тешки и бараат голем труд и големи залагање“, вели Демири.

Тој истакна и дека очекувал оти Владата ќе биде поактивна во борбата против криминалот. Според него таа слабо се спроведува, но оцени дека тоа е поради препреки, како што беше одолговлекувањето на собраниската расправа за изборот на јавниот обвинител. Тој потенцира дека владата може да биде успешна ако опстои на изборната платформа.

Анкета 100 дена нова влада - задоволни, ептен задоволни и незадоволни
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Граѓаните дел задоволни, а дел не

Дел од граѓаните велат дека со новата Влада политичката приказна во Македонија почнува од почеток, особено во делот на надворешната политика и тоа што се гаснат последиците од претходната политичка криза кои се чувствуваа во јавноста. Други пак успесите и ги препишуваат на претходната влада.

„Прва мерка што ми остави впечаток е надворешната политика, која е подинамична од претходниве години. Имаме пример во регионот како се води надворешна политика.“

„Па не знам што има направено да сум задоволен. Не видов ништо така добро. А ако ме прашувате за минатата има доста направено. Е сега крадел овој, крадел оној. Дај да ги затвориме тие што краделе ако краделе.“

„Задоволна сум во смисла што не чувствувам никаков притисок како во време на претходната влада и мислам дека ќе тргнат работите“, велат анкетираните граѓани.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG