Достапни линкови

Путин нема да оди на Генералното собрание на ОН


Архивска фотографија-претседателот на Русија Владимир Путин

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации што ќе се одржи подоцна месецов. Портпаролот на Путин Дмитри Песков, како што јавуваат денеска државните медиуми рекол дека рускиот лидер нема намера да патува во Њујорк на генералното собрание што ќе почне на 12 септември. Тоа не е во планот на претседателот, рекол Песков за државната агенција ТАСС. Генералната дебата на собранието е закажана за 19 септември кога се очекува првото обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп пред телото во кое членуваат 193 земји. Трамп е предвидено да одржи прием ден претходно во седиштето на ОН во Њујорк. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја предводи руската делегација на генералното собрание на кое е предвидено да се обрати на 21 септември.

XS
SM
MD
LG