Достапни линкови

Меркел бара од Турција да ги ослободи приведените германски државјани


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика денека Турција да ги ослободи сите германски државјани од притвор. Таа додаде дека односите на Германија и Турција во моментов влегле во „многу комплицирана фаза“.

Според неа, тоа се должи и на „неоснованите“ апсења на десетиците германски граѓани. Меркел порача дека нејзината земја би сакала да има подобро односи со Анкара, но реалноста е поинаква.

XS
SM
MD
LG