Достапни линкови

Европските лидери со нова политика на азил за мигрантите од Африка


Состанок за ситуацијата со мигрантите од африка, Париз, 28.08.2017.

Лидерите на Франција, Германија, Италија и Шпанија се согласија околу новата политика за давање азил на мигрантите од Африка. Според предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон мигрантите кои имаат право на азил за тоа би се пријавувале во африканските земји Нигер и Чад. Процесот на добивање азил таму би бил надгледуван од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации. Според него, тоа би спречило мигрантите сами да тргнуваат на несигурен и опасен пат до Европа.

XS
SM
MD
LG