Достапни линкови

Живаљевиќ – Добив одобрение за присуство во Собранието на 27 април од Кабинетот на претседателот Иванов


Демонстрантите тепаа пратеници од владејачкото мнозинство откако упаднаа во Собранието на 27 април

Поранешниот советник за безбедност во Амбасадата на Србија во Македонија Горан Живаљевиќ вечерва изјави дека за престојот во Собранието за време на крвавите настани на 27 април добил одобрение од советникот за безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски.

„Тој човек ја знаеше причината зошто бев таму и за тоа беше информиран. Мојата мисија таму не беше тајна и беше добронамерна во однос на безбедноста на Македонија, а во контекст на соработката која ја имаме со безбедносните служби на Македонија“, наведе Живаљевиќ во изјава за Танјуг.

Живаљевиќ вели дека не бил во Собранието ни тајно, ни скришно, а згора не сè, македонските служби биле упатени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека ниту МНР, ниту владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле барање, ниту дале согласност и одобрение за присуството на српски „дипломатски претставник“ да влезе во македонското Собрание за време на крвавите настани на 27 април, откако српскиот претседател Алексадар Вучиќ претходно рече дека „Живаљевиќ ги прашал највисоките претставници на извршната власт во Македонија дали да биде таму, и тие се согласиле со тоа и биле претходни запознаени со неговото присуство“.

Живаљевиќ за Танјуг потенцира дека во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ намерно се прескокнува инстанцата Претседател на Републиката.

„Моето пријавување за активност таа вечер, на 27 април, беше насочено на самиот кабинет на Претседателот и неговиот советник за безбедност“, вели тој.

XS
SM
MD
LG