Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада не му дала одобрение на српскиот разузнавач за присуство во Собранието на 27 април


Напад врз тогашната пратеничка Радмила Шеќеринска во Собранието на 27 април 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека ниту МНР, ниту владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле барање, ниту дале согласност и одобрение за присуството на српски „дипломатски претставник“ да влезе во македонското Собрание за време на крвавите настани на 27 април.

Српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ беше забележан во Собранието при упадот на демонстранти на 27 април. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „Живаљевиќ ги прашал највисоките претставници на извршната власт во Македонија дали да биде таму, и тие се согласиле со тоа и биле претходни запознаени со неговото присуство“.

ВМРО-ДПМНЕ исто така изразува загриженост за објавената, од страна на Република Србија, шпионска афера која има меѓународни димензии, имајќи предвид дека е меѓудржавна, откако Србија ги повлече дипломатите од Скопје обвинувајќи ја Македонија за офанзивно разузнавачко делување против нив.

„Расчистувањето на оваа афера, покрај утврдувањето одговорност на чија и да е страна треба да води и кон нормализација на односите меѓу двете држави“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG