Достапни линкови

Вучиќ - Односите со Македонија ќе бидат пристојни


Архива - Претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема никакава причина за голема загриженост поради кризата во односите меѓу Белград и Скопје, но оти српската Влада мора да ја заштити државата и образот на Србија, рече тој во интервју за РТС.

Тој ја коментираше и изјавата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека Владата во Скопје ниту наредила ниту имала намера да врши разузнавачки активности проитв Србија или која било друга земја, Вучиќ рече дека „знаат што е правено, дека тоа е правено на многу повисоко ниво и оти тоа не им се прави на пријателите“.

Тој ги отфрли и тврдењата за наводни завери со Русија, но исто така реча и дека приемот на Косово во Унеско нема врска со овој потег на Србија, но сепак истакна дека знаат дека Македонија ќе гласаат за тоа.

„Тоа е јасно. Рекоа не сакаат водечка улога, но не дека нема да гласат. Јас ви кажувам ќе гласат. Дали ќе бидат предлагачи, нека остане на страна, тоа е тешка позиција за нив, истакна Вучиќ, нагласувајќи дека односите меѓу Македонија и Србија тешко дека ќе бидат на најивисоко ниво, туку на пристојно.

Тој наведе и оти се што се случувало во врска со односот на Македонија и Србија е обид да се создаде една поголема политичка приказна, а во неа да биде вовлечен Белград, потенцирајќи оти тоа нема да го дозволи.

Во врска со присуството на припадникот на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) Горан Живаљевиќ за време на немирите и насилствата во мекедонското Собрание, Вучиќ објасни дека Живаљевиќ не заминал во Собранието на своја рака и без знаење на тогашните македонски власти.

„Живаљевиќ ги прашал нависоките претставници на извршната власт во Македонија дали да биде таму, и тие се согласиле со тоа и биле претходни запознаени со неговото присуство. А тоа, потоа е искористено за кампања против Србија“, изјави српскиот претседател.

XS
SM
MD
LG