Достапни линкови

Еден мртов, петорица повредени во супермаркет во Хамбург


Човек роден во Обединетите Арапски Емирати, убил еден маж во супермаркет во Германија, а повредил шест други лица, соопшти германската полиција. Според очевидци 26-годишниот човек извикувал "Алах Акбар" пред да биде совладан од минувачите и уапсен.

Германските медиуми објавија дека сторителот и бил познат на полицијата како исламист. Новинската агенција ДПА објави дека безбедносните власти ги испитуваат доказите дека човекот имал салафистички врски. Министерот за внатрешни работи на Хамбург, Енди Гроте, потврди дека осомничениот бил познат на властите како "исламист".

"Тој беше познат како исламист, но не и џихадист", рече Грот, истакнувајќи дека иако има индикации дека може да има исламистички мотив за нападот, осомничениот исто така страдал од психолошки проблеми.

Напаѓачот ја прободел првата жртва во супермаркет. Станува збор за 50-годишен маж за кој се верува дека е германски државјанин. Додека трчал низ маркетот, тој ранил уште пет други лица.

XS
SM
MD
LG