Достапни линкови

Димитров - Владата забрзано работи на усвојување на законот за јазици


Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, 25, јули, 2017

Македонската Влада забрзано работи на усвојувањето на законот за јазици, одговорил министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој е во официјална посета на Албанија. Запрашан од албанските медиуми зошто се упорува законот за службената употреба на албанскиот јазик, Димитров вели дека тоа не е точно и дека овој закон е во интерес не само на Албанците во Македонија, туку е и во интерес на стабилноста на целата држава.

Димитров е во посета на Албанија на покана на својот домаќин, министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати. Бушати вели дека е запознаен со планот на македонската влада 3-6-9, и според него тој е добра основа за евро-атланските интеграци на земјата. Албанскиот министер вели дека во планот се вклучени делови од Охридскиот договор и од договорот од Пржино, кои се во насока на рамноправност на сите граѓани во Македонија.

XS
SM
MD
LG