Достапни линкови

Русија размислува за мерки против САД


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека земјата размислува за преземање мерки против САД како одговор на одлуката од декември, минатата година на тогашниот претседател Барак Обама да протера 35 руски дипломати и да затвори два руски центри.

Говорејќи во Мауербах, Австрија, тој посочи дека активностите на Вашингтон се срамотни. Обама ги презема мерките откако американските разузнавачи утврдија дека Русија се обидела да влијае на претседателските избори во корист на републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Русија негираше вмешаност во изборите.

XS
SM
MD
LG