Достапни линкови

Трамп бара арапско единство


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп по се изгледа го смени својот курс барајќи од кралот на Саудиска Арабија Салман да работи на арапско единство откако претходно се стави на страна на Саудиска Арабија и другите арапски земји во спорот со Катар. Тој најпрвин го поздрави потегот на овие земји да ги прекинат дипломатските и трговските врски со Катар наведувајќи дека Саудиска Арабија го послушала неговиот совет во борбата против тероризмот. Меѓутоа синоќа по неговиот разговор со кралот Селман, Трамп се постави против изолацијата на Катар, наведувајќи дека обединетоста на арапските земји е клучна во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG