Достапни линкови

Северна Кореја ги смета новите санкции од ОН како непријателски чин


Тестирање балистички проектил во Северна Кореја

Северна Кореја соопшти дека во целост ги отфрла најновите санкции од ОН како „непријателски чин“ и оти ќе продолжи со развој на нуклеарното оружје. Изјавата на портпаролот на севернокорејското МНР ја објави државната новинска агенција КЦНА денеска, откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која наметнува нови санкции против официјални претставници на Северна Корека и други субјекти. Со санкциите се забранува патување и се замрзнува имотот на 14 севернокорејски претставници, вклучувајќи го Чо Ил У, за кого се верува дека е главен за шпионските операции на Пјонгјанг во странство. На четири субјекти, меѓу кои и на банката Корио, им се замрзнува имотот во светот. Според Јужна Кореја, оваа банка ги работи трансакциите во странство за таинствен орган кој раководи со приватните средства на севернокорејското раководство.

XS
SM
MD
LG