Достапни линкови

Не фрлајте храна, подобро донирајте за тие што немаат


Викторија Мирчевска, Ретвитни оброк

За празниците се готви повеќе од потребното. Граѓаните да не заборават дека има луѓе што гладуваат. Подобро е да ја донираат храната, отколку да фрлаат, вели Викторија Мирчевска од иницијативата „Ретвитни оброк“, која веќе две години секој викенд подготвува оброци за тие што немаат.

Мирчевска, за празниците секој сака да има полна трпеза, но не сите можат да си го дозволат тоа. Истражувањата покажуваат дека секој трети човек во земјата живее во сиромаштија. Вие како „Ретвитни оброк“ обезбедувате над 150 оброци за викендите на оние на кои им се најпотребни. Се срамат ли луѓето да дојдат и да земат оброк?

Искрено, во почетокот се забележуваше помала група на луѓе кои доаѓаат, но постепено како што дознаваа, без разлика на срамот или достоинството, маката повеќе ги тера луѓето да доаѓаат. Сè уште се гледа меѓу нив дека има такви коишто се навикнале на таквиот начин на живот, но има и онакви кои доаѓаат со наведната глава или со срам или жал во нивните очи, се забележува дека им е тешко кога доаѓаат по оброк.

Колку луѓето се свесни дека има некој кој нема ниту за храна?

Луѓето сè повеќе стануваат свесни. Дел од нив се оние, што се вели, кои не можат да заспијат навечер доколку знаат дека може да помогнат, а не го прават тоа, но има и дел луѓе кои знаат дека има многу такви случаи и во нашиот град, земјата, па и светот воопшто, но сметаат дека имаат можеби поважни работи, па затоа не толку многу се вклучени. Сепак, драго ни е што со „Ретвитни оброк“ и со ширењето на сето она што го правиме како акција, што сè повеќе се вклучуваат и кога ќе дознаат сакаат да се придружат.

Ретвитни оброк како неформална група функционира веќе две години. Може ли да направите споредба за тоа колку луѓе беа вклучени во акцијата тогаш и колку луѓе бараа оброци, а кава е сликата сега? Расте ли свесноста?

Да, тоа ни е едно од, да речеме, најголемите достигнувања, тоа што многу луѓе навистина се освестија. Од неколку луѓе со неколку сендвичи и салати дојдовме до степен да има сè повеќе луѓе коишто дома готват по 5, 10, па и 20 оброци, ќе ги донесат, има луѓе коишто безрезервно се вложуваат, редовно донираат, доаѓаат да готват заедно со нас, некои готват дома и постојано има многу луѓе коишто се приклучуваат. Расте бројот на освестени луѓе, а за голема среќа расте и бројот на освестени фирми или ресторани коишто сакаат да донираат и да се вклучат во целата акција.

Една година #Ретвитни оброк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Речиси секојдневно во медиумите може да прочитаме или слушнеме за семејства кои се екстремно сиромашни, а заборавени од државата. Неретко се повикуваат луѓето кои се во можност да донираат и да им помогнат и вие се дел од заедницата која ја преземаат улогата на државата. Доволна ли е ваквата помош?

За тие луѓе не е доволна помошта во храна. Ние како група сме определени само на храната, заедно со граѓанското здружение „Вистински дела на љубезност“, но на многу од таквите семејства им се помага и на друг начин, за документи, лекови и слично.

Во ек на празниците, кога сите сакаат да имаат нешто на својата трпеза, кој е вашиот повик или вашиот апел до граѓаните?

Да не се заборават тие луѓе и најважно е сето она што ни останува на трпезата, зашто секогаш готвиме во поголеми количини, да се донира затоа што мислам дека подобро е да се даде отколку да се фрли.

Ретвитни оброк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG