Достапни линкови

Молк од власта за новинарскиот протест


Со специјалци против мирен протест
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00
Директен линк

Со специјалци против мирен протест.

За спречување и смеќавање јавен собир следи затвор од 3 месеци до 3 години, а службите пак треба да го штитат имотот. Така вели законот и за вчерашниот протест на новинарите. Прашањето е кој и зошто нареди да биде спречен собирот на новинарите пред Музејот на ВМРО и зошто најавениот мирен протест беше обезбедуван од толку многу полиција?

Кој и зошто нареди да биде спречен собирот на новинарите пред Музејот на ВМРО и зошто најавениот мирен протест беше обезбедуван од толку многу полиција? Овие прашања засега се без одговор од МВР. Министерката Гордана Јанкулоска е во посета на Кина, а службите за односи со јавност не се достапни да одговорат на овие прашања.
Очигледно е дека е многу ниска или веќе не постои границата на толерантност кај владата, односно кај ВМРО-ДПМНЕ. Порано кога глумеа дека можеби и може да разберат или да чујат туѓо мислење, ситуациите во општеството беа помирни.
Петре Шилегов, СДСМ.

Недостапни за коментар за вчерашните случувања претпладнево беа и претставниците на најголемите партии од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Полицијата вчера ги спречи новинарите да протестираат пред Музејот на ВМРО, и покрај тоа што кривичниот законик јасно забранува спречување јавни собири.
Може да се протестира и пред Музејот на ВМРО и пред кој било објект. Се разбира, полицијата и другите служби за безбедност се одговорни, пак, да го заштитат имотот од евентуално насилничко однесување.
Павле Трајанов, пратеник, поранешен министер за внатрешни работи.

„Тој што со сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или ќе смеќава свикување или одржување мирен јавен собир, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, стои во членот 155 од Кривичниот законик, каде што се наведува дека ако делото го стори службено лице со злоупотреба на својата службена положба или овластување, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Според многумина од новинарите присутни на вчерашниот протест, токму полицијата, која спречи да се протестира пред Музејот, е виновна за тензичната атмосфера и турканиците. Во спротивно, велат, протестот ќе беше мирен и без никакви инциденти.

Портпаролот на опозицискиот СДСМ Петре Шилегов вели дека попречувањето на новинарскиот протест е континуитет на недемократските политики на власта.

„Очигледно е дека е многу ниска или веќе не постои границата на толерантност кај владата, односно кај ВМРО-ДПМНЕ. Порано кога глумеа дека можеби и може да разберат или да чујат туѓо мислење, ситуациите во општеството беа помирни. Очигледно е дека сега нервозата е толку голема“, вели Шилегов.

Поранешниот министер за внатрешни работи, пратеникот од владејачкото мнозинство Павле Трајанов вели дека македонскиот Устав дозволува да се протестира каде било, без претходна најава.


„Слободно е протестирањето или начинот на изразување одредено незадоволство. Може да се протестира и пред Музејот на ВМРО и пред кој било објект. Се разбира, полицијата и другите служби за безбедност се одговорни, пак, да го заштитат имотот од евентуално насилничко однесување, затоа што сите протести, по правило, некој се обидува да ги искористи и да ги злоупотреби“, вели Трајанов и додава дека протестот сепак се одржал, но оти тој не бил сведок на настаните за да може да даде оценка дали и што било забрането.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG