Достапни линкови

Леб и сол симфонија за одбрана публика


Со вечерашната изведба на БИТФЕСТ, започнува претставувањето на проектот „ЛЕБ И СОЛ СИМФОНИЈА“ – заедничката уметничка креација на Никола Димушевски, Бодан Арсовски, Димитар Божиков и Михаил Парушев - членовите на легендарниот македонски состав и Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија под диригентство на Саша Николовски Ѓумар. Концертот во вторник ќе го проследи и скопската публика, а за 1 август е планирана и изведбата во предворјето на Света Софија на 52-то издание на „Охридско лето“.

„Деветка“, „Бистра вода“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Ајде сонце зајде“, „Галеб“, „Си заљубив едно моме“, „Астролаб“, „Јовано, Јованке“... се само дел од селектираните класични теми од 35-годишната кариера на култниот македонски состав ЛЕБ И СОЛ кои го чинат проектот „Симфонија“, заедничката уметничка креација на Никола Димушевски, Бодан Арсовски, Димитар Божиков и Михаил Парушев со Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија под диригентство на Саша Николовски Ѓумар.
Леб и сол се има пробано во сите жанрови, значи од етно музиката, џез музиката, па дури и поп музиката ја имавме едно време присутна во нашиот репертоар. Пројдоа години користејќи ги тие разни стилови и миксови од стилови за да ја изразиме својата музика и ова е еден начин да ја заокружиме целата наша кариера во смисла на затворање со еден грандиозен проект со симфониски оркестар.
Бодан Арсовски, Леб и сол.

Идејата е преку специфичната фузија на самосвојниот и прогресивен музички израз со амбиентот, драматургијата и грандиозноста на класичниот звук, не само да му се даде поинаква димензија на творештвото, туку и да се фрли и поинаква светлина на уникатната музичка философија наречена ЛЕБ И СОЛ.
Леб и сол симфонија.
Леб и сол симфонија.

„Леб и сол се има пробано во сите жанрови, значи од етно музиката, џез музиката, па дури и поп музиката ја имавме едно време присутна во нашиот репертоар. Пројдоа години користејќи ги тие разни стилови и миксови од стилови за да ја изразиме својата музика и ова е еден начин да ја заокружиме целата наша кариера во смисла на затворање со еден грандиозен проект со симфониски оркестар“, објаснува Бодан Арсовски.

Тој притоа потенцира дека намерно ги избегнувале големите и гломазни простори за настап сакајќи и на овој проект да му ја дарат нитката на уникатност и елитизам.
Не одиме на грандиозни простори, популистички, туку баш одиме на некоја мала, префинета варијанта во смисла на елитизам.
Бодан Арсовски, Леб и сол.

„Не одиме на грандиозни простори, популистички, туку баш одиме на некоја мала, префинета варијанта во смисла на елитизам.“

„ЛЕБ И СОЛ СИМФОНИЈА“ е подготвуван во изминативе две години, оркестрациите се дело на Никола Димушевски, а Арсовски истакнува дека по неговото претставување на трите големи културни манифестации во земјава проектот ќе го започне своето патешествие во регионот.

„Со овој проект веќе имаме договорено еден концерт во Античкиот театар во Заечар во рамките на Заечарската гитаријада. Наесен планираме и веќе сме во преговори за истиот настап во Сава центар во Белград и Лисински во Загреб, така што сакаме малку тој елитистички пристап, тој свечен чин што Леб и сол го прави со овој проект да го затвориме на квалитетни и убави простори.“

Инаку, сите перформанси ќе бидат снимени што подразбира дека не е исклучено „ЛЕБ И СОЛ СИМФОНИЈА“ да биде документиран на носачи на звук и слика, а веќе е извесно дека составот есенва заминува на својата прва голема турнеја во Австралија каде се договорени четири големи и исто толку клупски концерти.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG