Достапни линкови

Ромео и Јулија за старт на Охридско лето


Фестивал Охридско лето.
Фестивал Охридско лето.

По 12 години, најпрестижната културна манифестација во Македонија, фестивалот Охридско лето повторно ќе биде отворен со драмската престава Ромео и Јулија во режија на Дејан Пројковски.

Разновидна музичка и драмска програма ќе понуди годинешново 52 издание на фестивалот Охрид лето, кое започнува на 12 јули со свеченото отварање. По 12 години фестивалот ќе биде отворен со драмски проект во кој ќе биде вклучена и операта.
Ќе имаме и една праизведба која ќе ни дојде од Лондон. Ќе имаме земји кои што ретко доаѓаат на Охридско лето, како што се Израел, Шведска. Ќе бидат присутни и претстави од Словенија, Бугарија, Русија кои што ќе донесат големо задоволство на публиката.
Ѓорѓи Јолевски, Селектор на драмскиот дел на Охридско лето.

Станува збор за Ромео и Јулија во режија на Дејан Пројкоски. Селекторот на драмскиот дел, Ѓорѓи Јолевски вели дека годинава фестивалот ќе изобилува со премиери, од кои 4 ќе бидат во македонска продукција со режисери од странство.

„Ќе имаме и една праизведба која ќе ни дојде од Лондон. Ќе имаме земји кои што ретко доаѓаат на Охридско лето, како што се Израел, Шведска. Ќе бидат присутни и претстави од Словенија, Бугарија, Русија кои што ќе донесат големо задоволство на публиката“, рече Јолевски.

Особено богат ќе биде музичкиот дел на Охридско лето. Ќе се појават неколку нови музички имиња кои досега не настапиле на фестивалот, а кои на светските сцени се вистинска атракција. Фестивалот оваа година ќе го одблежат четири врвни виолинисти и неколку елтини пијанистички имиња. Музичкиот селектор Гордана Јосифовска Неделковска посебен акцент става на настапот на светската музичка атракција ансамблот Перфектум Џезиле на 4 август на античкиот тетар во Охрид.

„Тоа е хор, акапела составен од 45 уметници, а нивните дела достигнуваат рекордна гледаност на јутуб каналот. Нивните настапи ги гледаат преку 20 милиони луѓе. Леб и сол настапуваат со музичкта младина со маестро Сашо Николовски Ѓумар на 2 август. На 16 јули настап на единствениот пијанист Мишел Камилов. Тој ќе настапи со перфекционистот Џовани Далго со проектот Мано, а Мано. Композициите изобилуваат со афрокарибски џез. Светската критика овој проект го преставува како неповторлив и енергичен“, вели Јосифовска Неделковска.

Годинава публиката ќе има можност да ја види и изведбата на делото Просјачка, опера на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, во режија на Дино Мустафич, а во продукција на албанскиот театар од Скопје
XS
SM
MD
LG