Достапни линкови

Охридско лето 2012 – Неколку славни и многу нови музички имиња


Хрватското музичко дуо „Две чела“.
Хрватското музичко дуо „Две чела“.

Со концертот на големиот руски пијанист Андреј Коробејников утревечер од 21 часот во црквата Света Софија, започнува музичката програма на 52-то Охридско лето.

25 концерти од кои 20 исклучиво и припаѓаат на класичната музика. Неколкуте славни и комерцијални имиња како доминиканскиот џез пијанист Мишел Камило, вокалниот акапела ансамбл од Словенија - „Перпетуум џезиле“, хрватското дуо „2 челос“, проектот на легендарната македонска група „Леб и сол“ насловен како „Симфони“, потем врвниот руски пијанист Андреј Коробејников, неговиот колега Седрик Тибергјен од Франција, најимпресивниот виолинист на денешницата Илја Гринголтс, квартетот „Ардео“ како еден од највозбудливите ансамбли што изведува современа музика, челистот од Италија – Енрико Диндо..., според селекторката Гордана Јосифовска - Неделковска, се маркантните точки на носечкиот музички дел од годинешната програма на фестивалот Охридско лето.
Сметам дека со ваквиот спој остануваме достојни на она што се вика класичен фестивал, вклучувајќи врвни имања кои што и тек како го заслужуваат епитетот на фестивалот Охридско лето да биде дел од европското семејство на Асоцијацијата на фестивали, но со едно современо и модерно видување што значи фестивал.
Гордана Јосифовска - Неделковска, селекторка на фестивалот Охридско лето.

Таа дополнува дека овојпат на сцените во и пред црквата Света Софија и на Антички театар ќе продефилираат бројни уметници кои по прв пат ќе настапуваат пред македонската публика и дека интенцијата и натаму останува со вкупната понуда да бидат задоволени сите вкусови, и на стручната и на пошироката јавност.

Леб и сол.
Леб и сол.
„Сметам дека со ваквиот спој остануваме достојни на она што се вика класичен фестивал, вклучувајќи врвни имања кои што и тек како го заслужуваат епитетот на фестивалот Охридско лето да биде дел од европското семејство на Асоцијацијата на фестивали, но со едно современо и модерно видување што значи фестивал.“
Фестивалот Охридско лето секогаш е со должна почит кон македонските институции, уметници, но и кон македонското творештво.
Гордана Јосифовска - Неделковска, селекторка на фестивалот Охридско лето.

На 52-то Охридско лето достојно ќе биде претставена и современата македонска музика и домашните репродуктивни уметници. На 19 јули, под раководство на германскиот диригент Стефан Фраас и со Андреј Гугнин од Русија како солист, концерт ќе има Македонската филхармонија. Со перформансите на Ана Гацева, Дамјан Темков, дуото Кировски, Владимир Костов и Марија Вршкова ќе бидат одбележани јубилеите на домашните композитори Гајдов, Бранѓолица, Пејовски, Цанев, Голабовски... ќе настапи и младиот и потентен пијанист Дино Имери, а на 8 август, на празникот, ќе биде одбележана и 25-годишнината од постоењето на хорот „Свети Климент Охридски“.

„Фестивалот Охридско лето секогаш е со должна почит кон македонските институции, уметници, но и кон македонското творештво“, истакнува Гордана Јосифовска – Неделковска.

Инаку, старо-новата селекторка на музичкиот дел на „Охридско лето“ и овојпат потпишува програма чиј концепт е да има две-три извикани имиња како адут и останатиот дел да биде сочинет од реномирани уметници за кои е потребен поскромен буџет што се чини дека през годините и не се покажа како најсоодветно решение. Од таму, не е на одмет, во името на натамошниот раст и кревањето на реномето на манифестацијата, иако сме на почетокот, уште отсега да се размислува за „проветрување“ на постојните програмски заложби.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG