Достапни линкови

Санадер е здрав и „активно“ ќе се брани


Поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер по апсењето во Австрија.
Одбраната на поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер ги отфрли шпекулациите дека тој е болен. Санадер денеска повторно ќе биде сослушан од обвинителите од канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал, во врска со случајот за проневера на 3,5 милионите круни од Хипо банка додека тој бил заменик министер за надворешни работи во 1994 и 1995 година. Адвокатот на Санадер најави „активна одбрана“ и рече дека Санадер ќе го отфрли обвинението.
XS
SM
MD
LG