Достапни линкови

Груевски: Македонија и Грција сами да го решат спорот


Премиерот Никола Груевски на средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Вашингтон
Ставот на Соединетите Американски Држави е дека Македонија и Грција треба да го решат проблемот и дека само ние можеме да најдеме решени и не треба да очекува некој друг да ни го реши тоа прашање. Ова го изјави македонскиот премиер Никола Груевски по средбата во Вашингтон со американскиот потпретстедател Џо Бајден и со државната секретарка Хилари Клинтон. Тој додаде дека Македонија ќе остане силно фокусирана на решавање ова прашање поврзано со името, односно како што вели со челнството во НАТО и ЕУ. Груевски вели дека практично најголемиот дел од разговорите биле поврзани со прашањето за името. Тој најави дека денеска ќе се сретне со група конгресмени со кои ќе разговара за состојбата и перспективата на Македонија.

XS
SM
MD
LG