Достапни линкови

Шефот за надворешна политика на ЕУ во посета на Тунис


Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон
Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон е во посета на Тунис, каде ќе се сретне со премиерот Мухамед Ганучи и други членови на власта. Во Тунис беше формирана привремена влада по соборувањето на режимот на претседателот Зине Ал Абидине Бен Али, кој беше на власт 23 години. Туниските власти планираат да одржат меѓународна конференција за економска и политичка подршка во демократската транзиција на земјата. Посетата на Ештон е и поради повикот на италијанските власти за помош со бегалците од Тунис, кои со бродови пристигнаа во земјата во последниве денови.
XS
SM
MD
LG