Достапни линкови

Мубарак положи свечена заклетва за новата египетска влада


Протестите против режимот на Претседателот Хосни Мубарак
Египетскиот претседател Хосни Мубарак положи свечена заклетва на новиот кабинет и покрај протестите против неговиот триесетгодишен режим, соопшти националната телевизија на земјата. Министерот за внатрешни работи Хабиб ел Адли кој е обвинет од демонстрантите за бруталност на безбедносните сили на протестите е заменет од полицискиот генерал Махмуд Вагди. Демонстрантите повикаа утре на генерален штрајк во Каиро, на кој се надеваат дека ќе излезат милион луѓе.
XS
SM
MD
LG