Достапни линкови

Обама објави нов пакет мерки за излез од економската криза


Американскиот претседател Барак Обама неделава објави нови планови за борба против негативните ефекти од светската финансиска криза. Соопштувајки го новиот план, тој изјави дека на Вол Стрит во Вашингтон се создала култура на неодговорност.

,,Затоа денеска мојата администрација предлага темелно прочистување на финансискиот регулаторен систем, поголема трансформација од реформите кои следеа по Големата Депресија. Овие предлози се резултат на многубројни консултации со лидерите во Конгресот,,.


Обама појасни дека со новиот план е предвидено американската Централна банка да добие повеќе моќ со што оваа институција ќе го надгледува целиот финансиски ситем. Во новиот план се предвидува и отворање на нова агенција за финансиска заштита со цел спречување на финансиски злоупотреби кои значително придонесоа во развојот на финансиската криза.

,,Со реформите кои денеска ги предлагаме, настојуваме да воспоставиме правила кои ќе овозможат иновации а ќе спречат злоупотреби. Настојуваме да создадеме рамка во која пазарите можат да функционираат слободно и фер, отстранувајки ја кршливоста која предизвикува финансиски колапс на бизнис циклусите,,

Вработените во финансискиот сектор и упатените се согласуваат дека потребни се значајни промени на правилата согласно кои се синхронизираат инвеститорите и банкарскиот сектор. Од опозицијата, од друга страна, забележуваат дека новиот план на администрацијата на американскиот претседател воведува многубројни рестрикции кои можат да му наштетат на финансискиот сектор. Републиканскиот сенатор Ричард Шелби забележа дека планот мора да биде соодветно проценет. Во спротивно, смета Шелби, Соединетите Држави ќе претрпат долгорочни последици. Демократите во конгресот, од друга страна, го прифатија планот без поголеми забелешки. Претседателот Обама смета дека планот воведува рамнотежа во финансискиот сектор.
Некои тврдат дека сме отишле предалеку, но настаните од изминатите неколку години се сведоштво дека потребни се значајни промени.



,,Некои тврдат дека сме отишле предалеку, но настаните од изминатите неколку години се сведоштво дека потребни се значајни промени. Отсуството на функционален регулаторен режим во многу делови на финансискиот систем не доведе на ивица на катастрофа. Тоа не треба да го заборавиме,,

Заклучи американскиот претседател.
XS
SM
MD
LG