Достапни линкови

НБМ и експертската јавност со поделени мислења


Народната банка и дел од експертската јавност со спротиставени мислења за влијанието на падот на вредноста на еврото врз Македонската економија. Во текот на минатата недела на светските пазари еврото беше под притисок во однос на доларот и јенот. Додека еврото губи од вреднопста покрај другите валути на странските пазари, дел од експертите во Македонија предупредуваат дека во опасност се доведени увозно-извозните активности како и трговскиот дефицит. Професорот Мирољуб Шукаров вели дека падот на вредноста на еврото е опасна за земјава поради тоа што трговскиот дефицит на земјава е во надолен тренд поради светската финансиска криза.

„Извозниот аспект е прилично неповолен затоа што странските пазари се затвораат поради кризата а, од друга страна пак, ние сме многу увозно зависни. Дознаките од нашите вработени се намалуваат токму поради кризата, така што девизната позиција на земјава се влошува.“

Шукаров смета дека централната банка е соочена со доста голем притисок кој може да го совлада на три можни начини, од кои првите два се најпожелни: користење на девизните резерви или задолжување во странство.

„За да не дојде до примена на третото решение, кое се смета за психолошки најнеприфатливо, односно девалвацијата може да ја покрене инфлациската спирала. Но некои сметаат дека и тоа решение не е така лошо во овој момент на дефлационен притисок, поради тоа што депресијата си го прави своето, па економијата оди надоле и во однос на цените“

Од Народната банка на македонија, пак тврдат дека притисокот врз еврото на светските пазари нема да влијае на македонската економија. Гувернерот Петар Гошев вели дека макроекономската стабилност не е доведена во опасност.

„Нашиот однос е денар - евро - крај. Што е еврото со другите валути, тоа нас и нашата економија не не` засега. За нас е битно колку евра ќе влезат во државата.“

Според гувернерот, ударите врз еврото на светските пазари може единствено да ги почувствуваат приватните субјекти

„Граѓаните или компаниите кои имаат нешто во друга валута, тогаш ги засега нив на поединечно ниво. На маро ниво, нашата економија е врзана за еврото.“

Инаку Европската валута го доживеа најсилниот удар во четвртокот, по изјавите на милјардерот Џорџ Сорос дека девизата можеби нема да преживее без нови планови на Европската унија за справување со спорната актива.Странските агенции ги пренесуваат и коментарите на претседателот на европската централна банка Жан Клод Тришет дека каматните стапки можеби ќе се намалат под 2 отсто.
XS
SM
MD
LG