Достапни линкови

Можност за набавка на поефтина струја и за Македонија


Од најавата на Словенија дека од октомври годинава ќе создаде енергетска берза,која првично ке има намера да привлече компании и трговци од земјите на поранешна Југославија, и изградбата на атомската централа Белене во Бугарија, Македонија ке има голема полза,оценуваат упатените.Според Константин Димитров експерт за енергетика,доколку нема некој законски пречки за ЕЛЕМ да оди на берза и да купува струја, тогаш како што вели тој, ќе се избегне оној долг период на распишување јавен повик кој трае и до 60 дена за купување на електрична енергија.

,,Јас не сум упатен дали законската регулатива на ЕЛЕМ, дали некој нема да има законски пречки да може да оди на берза. Затоа што мора да се оди на јавен повик итн. Ако со измените на законот за енергетика тоа му е овозможено, што значи се одбегнува оној долг период на јавен повик и да се чека 50 60 дена за купување енергија."

Димитров исто така додава дека со оглед на тоа дали ке се купува струја на долг или краток рок,ке зависи и цената која ќе се плаќа.

,,На долг рок за да купите значи дека ќе платите поскапо, затоа што ви гарантира испорака во долг временски период. Ако купувате на кус рок може да бидат и поефтини, се работи за, како би рекол, коцкање на берза."

За придобивките за Македонија од изградбата на атомска централа Белене, Димитров вели:

,,Ако купиме дел од Белене, десет години да ви продава струја однапред по одредена цена, како да имате свој соптвен извор десет години, којшто е дислоциран на друго место. Тоа не е непознато на Македонија. Ние пред 30 40 години имавме платено и инвестирано 200 мегаватна постројка на Косово."

Овие проекти се и од огромно значење и за македонската економија,посочува економистот Петрит Положани.

,,Во последно време имаме зголемување на увозот и секое инвестирање во регионот каде што ние би добивале дополнителна количина енергија би било добро за нашата економија на долг временски период,"

Вели Положани.
XS
SM
MD
LG