Достапни линкови

Исполнет е основен услов за интеграција на Србија во ЕУ и НАТО


Од македонската влада засега без реакција за синокешното апсење на еден од најбараните хашки обвинети Радован Караџиќ. Оценката на донашните аналитичари пак е поделена. Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност смета дека овој настан нема речиси никакво значење за Македонија.

„Единствената нитка која ги поврзува на глобален план сите активности, а тоа е дека злосторстовото, било кога, како и во случајот со Караџиќ ќе биде ставено на тапет.“

Тој ги отфрла и можностите земјава да биде поврзана со случајот Караџик преку шпекулациите дека тој еден период се криеше и кај нас

„Тоа никогаш ниту било, ниту пак некој сериозно поверувал на таквите приказни, затоа што тој цело време се криеше во Србија и БИХ.“

Придобивки од неговото приведување според Марковски ке има само Србија чии евроатлански интеграции од Брисел досега се условувани со апсењето на хашките обвинети

„Таа исполни еден од основните услови што таа го имаше и очекувам многу брзо интегрирање на Србија во ЕУ и НАТО.“

Ова е порака до сите политички манипулатори кои поради желбата за власт жртвуваат голем број луге оценува аналитичарот Мерсел Биљаљи

„Порака дека сепак нивниот крај ќе биде лош. Така што сите тие радикални елементи, фанатизми, мислам дека пораката треба да делува поучно.“

За разлика од Марковски Биљаљи очекува забрзувањето на евроатланското интегрирање на нашиот северен сосед да има влијание и врз регионот

„Тоа практично ќе има рефлексија во однос на соседите, особено Македонија и БИХ. Мислам дека тоа е одлична вест и од тој агол. “

Аналитичари сметаат дека со апсењето на хашките обвинети за воени злосторствата направени за времето на војните во деведесетите години неможе целосно да се затвори тој дел од историјата на Балканот бидејки кривичните дела за злосторства против човештовото не застаруваат и како шро велат процесот на нивното решавање е незапирлив.
XS
SM
MD
LG