Достапни линкови

Денеска лидерска средба за најновиот предлог за името на Метју Нимиц


Како што беше и најавено во текот на вчерашниот ден речиси сите политички претставници беа запознаени со предлогот на посредникот Метју Нимиц. Премиерот Никола Груевски вчера доцна попладне им го презентираше на колаициските партнерни, се одржуваа и состаноци на највисоко ниво во политичките партии, средба на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и на потесното раководство на Социјалдемократскиот сојуз. Во опозициската СДСМ е заклучено дека разговорите мора да продолжат и дека документот е само основа за разговори и тоа не многу поволна. Според извори од партијата Македониај се наога во ваква ситуација и поради неколкуте чекори на владеачката гарнитура што се случија во последните речиси две години, преименување на аеродромот во Александар Македонски, поставување на скулптурите пред владата од античкиот период и слично. Од опозициската ДУИ пак велат дека изворно не се информирани за предлогот на Нимиц:

„Што се однесува до предлогот на Нимиц ние директно не сме запознати од никого,“

изјави Рафиз Алити кој додава:

„Секако дека треба сите пет предлози да ги имаме пред себе и не е некоја трагедија, треба да се седне и да се разгледаат тие предлози.“

Инаку како што информираат дипломатски извори Нова Република Македонија, Горна, Уставна, Демокртаска и Независна Републиак Мкаедонија се предлозите што ги содржи документот на Метју Нимитц доставен до двете страни, македонската и грчката. Истите извори говорејки за македонската позицијата велат дека за земјава прифатливи за разгледување се варијантите Демократска Република Македонија или Независна Република Македонија. Имињата кои содржат географска или временска одредница се неприфатливи, велат дипломатски извори.

Доколку се процени дека има шанси за разрешување на спорот со овие два прифатливи за македонската страна предлози, тогаш тие би се одржал референдум.

Според најавите официјалниот став на македонската страна може да се очекува по денешната средба на лидерите на четири најголеми партии на политичката сцена на која ќе присуствува и претседалот Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG