Достапни линкови

Бесплатни тренинзи за претприемаштво и помош за почнување бизнис


Можност за младите сами да почнат бизнис во и надвор од државата се нуди преку проектот "Бизнис без граници", што се спроведува во пет држави од Југоисточна Европа, меѓу кои и во Македонија. Проектот опфаќа бесплатни тренинзи за претприемништво, организациони способности, бизнис етика и маркетинг и рекламирање. По обуката, учесниците треба да изготват план за почнување бизнис, а за најдобрите се предвидени грантови за отворање фирма во областа што ја избрале. Елена Николова, студент на Електротехничкиот факултет во Скопје веќе ги помина тренинзите што беа спроведени во Македонија во изминатата година. За оваа обука аплицирале 800 млади, од кои 190 учествувале на тренинзите. Од нив, селекцијата ја поминале 20, а во зависност од бизнис планот што ќе го изготват ќе добијат финансиска поддршка да отворат сопствена фирма
во државава или во некоја од европските земји.

„Она по што се разликува прокетот беше пристапот на кој самиот организациски тим им пристапи на луѓето кои учествуваа, тие се многу отворени за комуникација и нудат многу практични работи од бизнис гледна точка кои во моментов не ги содржат литературите кои ни се на располагање и кои не може да се најдат на ниту едно друго место,“

вели Николова, чии аспирации се почнување бизнис кој ќе ја третира промоцијата. Почнувањето бизнис за младите може да биде реалност, а годините не се ограничување кога ја имаш вистинската поддршка, порачува Николова.

„Досега во Македонија беа проблем можеби тие ограничувања кои ги имаме во поглед на тоа дали можеме да бидеме успешни или не, и дали сме премногу млади за да почнеме одреден бизнис. Сметаме дека сме во фазата во која сме најмногу спосбни, можеби не најистренирани, но работиме на тоа.“

Марија Солевска, претседател на невладината организација "Бизнис без граници Македонија" објаснува дека преку овој проект се добива комплетна поддршка за почнување бизнис.

„Нашата трајна мисија е да создадеме мрежи од млади претприемнички компании кои ќе бидат тренирани во различни земји, но со подеднакви услови. Една од
главните цели е да организираме континуиран циклус на тренинзи, значи не е целта да се тренираат младите луѓе и да се остават сами на себе. Услугата која ја
нудиме оди во цел пакет, тренинг, понатаму поддршка и создавање на мала компанија и промовирање,“


вели Солевска.

Според неа, ваквите проекти се повеќе од неопходни, со оглед на фактот дека дека младите од регионот се многу малку вклучени во бизнисот во споредба со
нивните врсници во развиените земји.Резултатите од проектот "Бизнис без граници", што се спроведува преку Британскиот совет, на подолг рок се намалување на невработеноста и подобрување на економско-социјалната состојба.
XS
SM
MD
LG