Започна исплатата на пари на првата група стоматолози што по трансформацијата на јавното здравство ги земаа под концесија стоматолошките ординации. Стоматолозите кои потпишаа договор со фондот за здравство за работа со плави картони, велат дека парите ги добиваат со задоцнување, додека пак од фондот ги негираат ваквите обвинувања:
,,Ние им префлруваме пари за две недели. Ние сме врзани со парите што нас ни ги дава пензискиот фонд и јавните установи, приватните фирми. Но, она што е тренд присутен во последно време е што постојано се доцни со приливот на средства и се намалува бројот на оние што плаќаат здравствено осигурување,”
изјави Елизабета Белазелковска, портпарол на фондот за здравство
Од фондот велат дека на забните техничари не можат да им бидат исплатени пари оти тие немаат потпишано договори со медицинските установи во кои работат И врз основа на тоа фондот да им уплати средства. По дваесет години работа во јавното здравство, Др.Лилјана Иваноска одлучила да закупи ординација во рамките на поликлиниката во Драчево. Таа се уште не добила пари од фондот. Иваноска вели дека цените на здравствените услуги, кои фондот ги определил во договорот се премногу ниски.
,,Навистина е многу смешна цената и не ги задоволува основните потреби. Тоа што ни кажува фондот дека треба ние да го купиме не може да го покрие таа мала сума на партиципација,”
раскажува Иваноска, додавајќи дека и покрај малата економска заработка, сепак одлучила да склучи договор со фондот за здравство.Др. Тошо Иванов пак, одлучил да продолжи со работа во својата приватна ординација без сини картони. Тој вели дека условите што фондот ги понудил се неадекватни, цените се многу ниски, а исплатата на парите е лимитирана.
,,Ние на пример придонесите во Фондот мора да ги платиме до следниот месец до 25, а тие доцнат со исплатата четири месеци,”
вели др. Иванов
Според него бројот на пациентите со кои работи не е намален
Бидејќи најважен е квалитетот во работата. Според Иванов еден од многуте проблеми со кои се соочува здравството е хиперпродукцијата на стоматолози.
,,Кај нас годишно се примаат преку 200 стоматолози, толку простор нема, па, за жал некои ќе останат без работа.”
Во изминатите неколку месеци до фондот за здравство пристигнале околу 700 пријави од стоматолози, а 500 од нив склучиле договор за работа со фондот.