Зголемување на платите на лекарите е основното барање на синдикатот за здравство, на чијшто денешен совет треба да се донесе одлука дали ќе има генерален штрајк. Покачување на платите во образованието, науката и културата е главната тема и на преговорите на СОНК со владата кои продолжуваат во текот на неделата, а кои според најавите треба да завршат најдоцна до 18 овој месец. И сојузот на земјоделците најави протести и блокади на граничните премини,доколку со владата не постигнат договор за повисока откупна цена на пченицата Во услови на активно дејствување на синдикалните здруженија со цел остварување на одредени права, се поставува прашањето за синдикална солидарност. Дали и колку гранковите синдикати соработуваат меѓусебно?
,,Да постоеше соработка тогаш и ССМ немаше да биде во ваква ситуација. Наместо да обединува, само растураше внатре. Неприфатливо е ССМ да држи монопол на синдикалното организирање во државава, а на пример некои други синдикати да се гледаат како први непријатели. Нели тоа зборува за едно несиндикално однесување?”
вели претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски.
Според него не постои синдикална солидарност дури и за прашања кои ги засегаат скоро сите синдикати. Тој вели дека поради лошата соработка со ССМ, СОНК сега веќе дејствува независно од него, а планира и создавање на федерација на слободни синдикати во која засега ќе членуваат 11 автономни синдикати:
,,Сакаме таа нова федерација да се формира на поинакви основи и да не ни се случи еден градски синдикат да штрајкува а другите да гледаат сеир како што ни се случуваше во изминатите 15 години.”
Според Пеце Груевски од Сојузот на синдикати, секој синдикат во рамките на ССМ е самостоен и не мора да бара дозвола или поддршка од сојузот за преземање на конкретна активност.
,,ССМ нема што да поддржува или не. Тоа не е политичка партија. Синдикатот оценил дека треба да има штрајк и нема проблеми, ССМ не е тутор,”
изјави Груевски додавајќи дека во случај кога се работи за остварување на некое право кое обединува неколку синдикати, може да настане нивно здружување и заедничко дејствување.