За два месеци создадовме услови рудникот Бучим да работи со капацитет од 60%, во машинскиот парк инвестиравме 3.5 милиони евра, додека услови за максимална експлоатација ќе се создадат кон почетокот на месец јуни. Ќе правиме годишен обрт од 20 милиони евра, од овие средства чистата добивка ќе изнесува околу 5 милиони е бизнис планот на Николајчо Николов, директор на Бучим поставен од новиот соопственик на рудникот рускиот државјанин Павел Малиновски.
„Полниот капацитет на рудникот е четири милиони тони руда и јаловина, од што се добива околу 50,000 тони бакарен концентрат или 10,000 тони бакар, и 500-600 килограми злато и еден тон средбро на година,“
вели Николов.
Малиновски во моментов го поседува и рудникот САСА, скопската топилница, а веќе е во преговори и за купување на велешката топилница. За рудникот бучим новиот сопственик плати 9.1 милиони евра и во моментов вработува над 500 лица.
„Веќе имаме вработени 460 работника. Го реновиравме фабричкиот ресторан каде сите вработени се хранат бесплатно. Имаме надворешно обезбедување.“
Според финансиските анализи Малиновски повлекол добар бизнис потег со влегувањето на рудниот Бучим, бидејќи цените на светските берзи на бакарот се во постојан раст со оглед на дефицитарноста на овој произод.
„Цената на бакарот е добра, таа изнесува 3,400 долари, но се добива и премија од околу 100 долари по тон, вкупната цена е 3,500 долари за тон.“
Менаџментот на Бучим најавува искористување и на јаловината која во огромни количини се наоѓа пред рудникот а која е резултат на 300 годишната експлоатација на овој капацитет.
„Дадовме мостри на анализа, сакаме да направиме максимални напори за да се валоризира јаловината.“
Без било какви дополнителни инвестиции, во постојните наоѓалишта во рудникот има руда за околу 10 години. Претходниот сопственик на рудникот по двегодишна експлоатациај си замина без притоа да инвестира во машинскиот парк и во отварањето на нови копови.