Достапни линкови

Избрани преостанатите градоначалници


ДИК денеска објави дека се избрани градоначалниците во сите 20 општини каде се гласаше или прегласуваше првиот или вториот круг.

,,Во текот на ноќта, до ДИК пристигнаа податоците за гласањето во осум општини и во градот Скопје, и прегласувањето во 11 општини,"

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски. Во ДИК ја потврдуваат победата на независниот кандидат Трифун Костовски во Скопје. Во меѓувреме штабот на Костовски, и на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа објавија победа, портпаролот Маја Мухиќ вели:

,,Тој секако ја потврди победата остварена во првиот круг. За регуларноста на изборите коментиравме дека се одвива во најдобар ред, вчерашниот ден помина мирно и задоволни сме од тоа."

Победата на Костовски ја честиташе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој воедно објави победа на опозицијата со вкупно освоени 27 места:

,,Победата што ја имавме на локалните избори е порака од граѓаните до власта дека таа е делегитимирана, но и дека доаѓаат нови сили, со нови програми и нови идеи,"

изјави Груевски.

Во СДСМ, каде вчера му ја честитаа победата на Костовски, што беше очекувано откако нивниот кандидат Ристо Пенов се повлече пред вториот круг, велат дека оценката на опозицијата дека власта е делегитимирана е неточна:

,,Треба најпрвин да седне и да направи математика. Како економист, веројатно тешко му оди таа работа, меѓутоа, мора да се потруди. За да некој го загрози убедливото прво место кое што го има коалицијата За Македонија Заедно,"

изјави Јосиф Ќурчиев, генерален секретар на СДСМ, чијашто коалиција на локалните избори освои вкупно 36 градоначалнички места.

Нивниот партнер во власта пак ДУИ, по бојкотот на изборите од ПДП и ДПА, освои 15 градоначалнички места, вклучувајќи ја и победата во Тетово:

,,Тоа е победа на кандидатите за градоначланици на ДУИ."

Инаку, подебата на ДУИ во ДПА ја оценуваат како фалсификат на изборите. Во локалната власт ДПА и ПДП ќе учествуваат со двајца градоначалници меѓу 85 што се избрани. ВМРо Народна освои три градоначалнички места, додека двајца градоначалници се предложени од група избирачи.

Што се однесува до регуларноста на изборите што беше предмет на критики на домашната и меѓународната јавност по првиот и вториор круг, оценките на политичките партии се дека третото по ред гласање, главно било во фер и демократска атмосфера.
XS
SM
MD
LG