Достапни линкови

Секој трет во Македонија преживува, а не живее


Според последните истражувања на економскиот институт од Скопје стапката на сиромаштија во Република Македонија изенсува 30.2 % или скоро секој трет граѓанин во државата наместо нормално да живее, преживува.

„Динамиката на стапката на сиромаштија е очкувана затоа што растот е во многу мал број процентни поени. Што значи, еден до два процентни поени годишно.”

вели професор Димитар Ефтимовски од економскиот институт. Иако податокот е загрижувачки, резултатот е очекуван со оглед на нискиот степен на раст на македонската економија во последните десетина години.

И додека во најголемиот дел од земјите во транзиција се регистрира намалување на стапката на сиромаштија, анализите на економскиот институт покажуваат дека за период од 14 години колку што трае транзициониот период населението во Макеодонија осиромашило за цели осум насто.

„Од 1990 година наваму стапката на сиромаштија пораслана од 22 до 30 насто.”

Како една од главните причини за осиромашувањето на населението Ефтимовски го наведува лошиот процес на приватизација кој се спроведе во Македонија.

„Приватизацијата, значи менувањето на сопственоста, заради зголемување на ефикасноста во економијата, голем дел од работниците ги губат своите работни места. Тоа е неприродно губење на работните места.”

Нискиот степен на образование, што пак резултира со создавање на ниска продуктивност според анализите на економскиот институт во голем проценти влијаат на зголемувањето на стапката на сиромаштија.

„Повеќе од 80 насто од невработените се со основно образование. На многу ниско ниво е акумулираното ниво на човечки капитал по работник во државата.”

Спроведувањето на Реформите во јавната администрација се само причина плус за растот на степенот на сиромаштија

„Рестрикциите што сега се воведуваат во јавната администрација, не резултираат со ништо друго освен со зголемување на сиромаштијата.”

Со зголемувањето на стапката на сиромаштија се поизразен е и јазот кој се созадава меѓу побогатите и посирамашните Македонци односно меѓу оние кои имаат и оние кои немаат.

„Нееднаквоста почна да се зголемува, од 22 насто, порасна на 30 насто. Значи се зголемила нееднаквоста во економијата, од националниот доход едни земаат повеќе, а други помалку.”

Како сиромашни граѓани се сметаат оние кои во текот на годината нема да успеат да наполнат повеќе од 70% од предвидената потрошувачка кошничка од страна на заводот за статистика.
XS
SM
MD
LG