Вести
Вашингтон: Објавен годишниот извештај за човековите права во светот
САД не констатирале сериозни нарушувања на човековите права во Грција. Сепак постојат случаи во кои безбедносните сили малтретирале илегални имиганти и Роми, а и затворите се преполни и условите во некои од нив се многу лоши. Се истакнуваат и случаи на ксенофобија против Албанци, илегална трговија со жени и девојки кои се принудени да просат и да се проституираат.
Во годишниот извештај на Стејт департментот се наведува дека во Србија и Црна Гора генерално се почитуваат правата на граѓаните и оти најтешка е ситуацијата на Косово.
Во делот од извештајот кој се однесува за состојбата на човековите права на Косово, се истакнува дека верските и етничките тензии и насилството и понатаму продолжуваат.
Нивото на насилство кон косовските Срби и понатаму е голем, а ниту еден сторител на сериозно кривично дело против Србите никогаш не е пронајден и уапсен, што предизвикува загриженост кај српската заедница на Косово, се наведува во извештајот.
Кога е во прашање Црна Гора, во извештајот се укажува дека црногорската Влада генерално ги почитувала човековите права на своите граѓани, меѓутоа како што се додава, имало и одредени проблеми во некои региони.
види ги сите денешни вести
Шпанците бараат оставки поради бавниот одговор на владата на поплавите
Десетици илјади Шпанци излегоа на протестен марш на 9 ноември низ Валенсија, на истокот на земјата. Тие бараат оставка од регионалниот претседател кој го сметаат за одговорен за задоцнетиот одговор на минатонеделните поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, а многу други се водат како исчезнати.
Група демонстранти се судри со специјалната полиција пред градското собрание во Валенсија, каде демонстрантите го започнаа својот марш до седиштето на регионалната влада. Полицијата употреби палки за да ги притисне назад.
Регионалниот лидер Карлос Мазон е под огромен притисок откако неговата администрација не испрати навреме предупредувања до мобилните телефони на граѓаните, а тие пристигнаа само неколку часа по почетокот на поплавите, ноќта на 29 октомври.
Многу демонстранти држеа транспаренти на кои беа испишани барања за оставка на Мазон, додека други носеа транспаренти на кои беше напишано обвинувањето дека тој е виновен за нивнта смрт.
По пристигнувањето во седиштето на регионалната влада, некои демонстранти фрлаа кал врз зградата и оставија калливи отпечатоци од дланка на фасадата.
Претходно во саботата, Мазон изјави за еден регионален медиум дека „ќе дојде време кога официјалните лица ќе одговараат“, но дека сега е „време да продолжиме да ги чистиме нашите улици, да им помогнеме на луѓето, да се обновиме“.
Тој рече дека го „почитува“ демонстративниот марш.
Мазон, од конзервативната Народна партија, исто така е на удар поради, како што вели, бавниот и хаотичен одговор на природната катастрофа.
Илјадници волонтери беа први кои искочија на терен, во многу од најтешко погодените предградија на Валенсија.
На официјалните лица им требаа неколку дена да ги мобилизираат полицијата и армијата, што регионалните власти го побараа од националните власти.
Во Шпанија, регионалните влади се задолжени за цивилната заштита и можат да бараат дополнителни ресурси од федералната влада во Мадрид, предводена од социјалистите.
Мазон го бранеше своето справување со кризата, велејќи дека размерите на катастрофата не може да се предвидат и дека неговата администрација не добила доволно предупредување од централните власти.
Талибанците првпат ќе присуствуваат на конференцијата на ОН за климатски промени
Талибанците ќе присуствуваат на климатска конференција на ОН за прв пат од нивното преземање на власта во Авганистан во 2021 година, соопшти националната агенција за животна средина на земјата на 10 ноември.
Конференцијата, позната како КОП 29, започнува на 11 ноември во Азербејџан и е една од најважните мултилатералните разговори ќе ги вклучат талибанците, кои немаат официјално меѓународно признавање како легитимни владетели на Авганистан.
Националната агенција за заштита на животната средина напиша на социјалната платформа X дека техничка делегација отишла во Баку да учествува.
Шефот на агенцијата, Матиул Хак Калис рече дека делегацијата ќе ја искористи конференцијата за да ја зајакне соработката со меѓународната заедница за заштита на животната средина и климатските промени, да ги сподели потребите на Авганистан во однос на пристапот до постоечките финансиски механизми поврзани со климатските промени и да разговара за напорите за адаптација и ублажување.
Либан:Најмалку 23 загинати при израелски напад северно од Бејрут
Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелски напад на 10 ноември загинале 20 лица, меѓу кои три деца во селото Алмат, северно од главниот град Бејрут.
„Во нападот на израелскиот непријател врз Алмат во областа Џбеил загинаа 20 лица, меѓу кои три деца, а шест беа повредени, според ажурираниот биланс“, се вели во соопштението на Министерството.
Претходно на 10 ноември, либанската државна новинска агенција објави дека израелски воздушен напад бил насочен кон куќа во Аламат, што резултирало со голем број на жртви.
На друго место во Либан, израелски воздушен напад беше насочен кон здравствен центар во јужниот град Адлун, при што загинаа тројца болничари, соопшти Министерството за здравство.
Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили во последните денови целеле и елиминирале десетици борци на Хезболах, организација која САД ја сметаат за терористичка група, иако ЕУ го стави на црната листа само вооружено крило на Хезболах, не и политичката партија.
Скопје втор ден по ред во првите десет најзагадени градови во светот
Скопје втор ден по ред е рангиран на седмото место, односно влегува во групата од десетте најзагадени градови во светот. Ова го покажува ранг листата на швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот „Ај кју eр“ (IQAir).
Според овие податоци Скопје се наоѓа на седмото место на најзагадени градови со ндексот на загаденост е 139, веднаш зад Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран и Ташкент во Узбекистан.
Од европските градови во листата на топ десет најзагени градови се најдоа и Будимпешта, Милано и Виена, додека, пак, останатите два града се Мумбаи и Ханои.
На почетокот од месецот министерот за животна средина Изет Меџити изјави дека загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе.
Според податоците од македонското Министерство за животна средина и просторно планирање, од мерните станици поставени во скопските општини, традиционално најзагадена е скопската општина Аеродром, односно населбите Лисиче и Ректорат каде што загадувањето на воздухот со ПМ10 честички земено во просек изнесува 104 микгрограми на метар кубен.
Максимално дозволеното загадување со ПМ10 според светската здравствена организација е 50 микрограми на метар кубен.
Приведени демонстранти во Куба по протестите за проблемите со струјата
Кубанската влада соопшти дека уапсила неколку лица кои организирале протести откако ураганот го остави островот без струја по втор пат во последните неколку недели. Во Куба под комунистичка власт уличните протести се ретки, пишува новинската агенција Франс прес.
Обвинителството соопшти дека лицата уапсени во Хавана и централните провинции се обвинети за напад, јавен неред и оштетување на имотот.
Ураганот Рафаел предизвика дефекти во снабдувањето со струја во средата откако го погоди западниот дел на карипскиот остров со десет милиони луѓе како голема бура од трета категорија.
Пред само две недели, ураганот Оскар уби осум лица на истокот од островот за време на прекин на електричната енергија во земјата поради дефект на најголемата електрана на островот и недостиг на гориво.
Владата соопшти дека половина од граѓаните на Хавана повторно имаат електрична енергија, но повеќето од главниот град и соседните провинции немаат.
Организацијата за заштита на човекови права „Јустуција “ соопшти дека над десет луѓе се приведени во предградието на Хавана.
„Прогонот на луѓето во главниот град продолжува“, напишаа тие на платформата X, додавајќи дека уапсените мирно протестираат.
Куба со месеци страда од повеќечасовни прекини на струја и се наоѓа во средина на најтешка економска криза од распадот на Советскиот Сојуз во раните 1990-ти, обележана со зголемената инфлација и недостиг на основни производи.
Електричната енергија на островот се произведува од осум застарени електрани на јаглен, од кои некои се расипаа, како и седум електрани изнајмени од турски фирми и голем број дизел генератори.
Гроси ќе го посети Иран на 13 ноември
Шефот на нуклеарната организација на Обединетите Нации, Рафаел Гроси, ќе го посети Иран на 13 ноември и ќе започне консултации со иранските власти следниот ден, објавија државните медиуми на 10 ноември.
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) минатата недела изјави дека можеби ќе замине за Иран во следните денови да разговара за нејзината спорна нуклеарна програма и дека очекува да соработува со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Долгогодишните прашања меѓу Иран, МААЕ и западните сили вклучуваат забрана на Техеран за збогатување ураниум од инспекциските тимови на МААЕ во земјата и неуспехот на Техеран со години да ги објасни трагите од ураниум пронајдени на непријавени локации.
Иран, исто така, ја засили нуклеарната активност од 2019 година, откако тогашниот претседател Трамп го напушти договорот од 2015 година што Иран го постигна со светските сили според кој го ограничи збогатувањето - што Западот го гледа како прикриен обид за развој на способност за нуклеарно оружје - и ги врати цврстите американски санкции за Исламската република.
Најмалку 17 луѓе загинале при израелски напади врз Газа
При израелски напад рано во неделата врз дом во кој се сместени раселените луѓе во северниот дел на Појасот Газа, загинаа најмалку 17 лица.
Директорот на болницата Ал-Ахли во градот Газа, д-р Фадел Наим, рече дека меѓу загинатите има девет жени и дека билансот веројатно ќе се зголеми додека продолжуваат спасувачките напори.
Тој рече дека тие биле убиени во напад на дом во урбаниот бегалски камп Џабалија, каде Израел спроведува офанзива повеќе од еден месец.
Засега нема коментар од израелската војска.
Израелските сили изминатиот месец ја опколија и во голема мера ги изолираа Џабалија и блиските градови Беит Лахија и Беит Ханун, дозволувајќи само малку хуманитарна помош. Десетици илјади луѓе побегнаа во блискиот град Газа.
Целата северна третина од Газа беше првата цел на копнената инвазија на Израел и го претрпе најтешкото уништување од 13-месечната војна, која беше предизвикана од нападот на Хамас во јужен Израел.
Израелските сили постојано се враќаа во деловите на Газа каде што оперираа претходно, велејќи дека милитантите на Хамас се прегрупирале.
Украински дронови предизвикаа привремено затворање на три аеродроми во Москва
Украина лансираше десетици беспилотни летала насочени кон Москва, принудувајќи привремено затворање на три аеродроми во главниот град, соопштија руските власти на 10 ноември.
Градоначалникот Сергеј Собјанин рече дека Русија соборила 32 украински беспилотни летала насочени кон Москва во текот на ноќта и утрото на 10 ноември, во еден од најголемите напади врз градот откако силите на Кремљ ја нападнаа Украина во 2022 година.
„Според прелиминарните информации, нема штета или жртви на местото на падот на урнатините. Службите за итни случаи се на местото“, напиша Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм.
Руската федерална агенција за воздушен транспорт, објави дека аеродромите Шереметјево, Домодедово и Жуково привремено ги прекинале операциите „за да се осигура безбедноста на летовите на цивилните авиони“ поради нападите со беспилотни летала.
Аеродромите продолжија со работа неколку часа подоцна, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на информации од руската федерална агенција за воздушен транспорт.
Според московскиот регионален гувернер Андреј Воробјов, во нападот е повредено едно лице. Медиумите објавија дека нападите предизвикале пожар во село во областа Раменскоје, при што неколку куќи биле во пламен.
Русија речиси секојдневно известува за уништување на украински беспилотни летала, но нападите ретко го таргетираат главниот град.
Украинските власти често велат дека нивните напади со беспилотни летала врз Русија се насочени кон инфраструктурата клучна за воените напори на Москва и се одговор на континуираните напади на Русија врз Украина.
Од почетокот на војната, Украина е предмет на ноќни руски воздушни напади чија цел е критичната енергетска инфраструктура.
Бајден ќе му биде домаќин на Трамп во среда во Белата куќа
Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на традиционалниот постизборен состанок во Овалната соба во Белата куќа во среда, е наведено во соопштението на Белата куќа.
Таквата средба е вообичаена меѓу претседателот во заминување и идниот претседател, и делумно има за цел да го означи почетокот на мирниот трансфер на власта под американската демократија.
Но, републиканецот Трамп, не беше домаќин на демократите Бајден, по изборите во 2020 година, кога Трамп ја загуби трката за реизбор.
Трамп ја побара претседателската функција четири години подоцна, а оваа недела ја победи потпретседателката Камала Харис.
Белата куќа соопшти дека Бајден му се јавил на Трамп минатата среда за да му честита и да го покани да се сретнат во Овалната соба.
Во говорот во четвртокот, Бајден рече дека го уверил Трамп „дека ќе ја насочи целата администрација да работи со неговиот тим за да обезбеди мирна и уредна транзиција. Тоа е она што американскиот народ го заслужува“.
Холандскиот премиер го откажа патувањето во Азербејџан, поради нападите врз израелските навивачи
Холандскиот премиер Дик Шуф во саботата го откажа патувањето во Азербејџан, каде се одржува состанок за климатски промени на Обединетите Нации, за да може во Холандија за да се справи со последиците од нападите врз навивачите на фудбалскиот тим Макаби Тел Авив во Амстердам, кои властите ги осудија како антисемитски.
„Владата ќе разговара за насилството во четвртокот вечерта на власина седница в понеделник“, објави Шуф на социјалната платфрома X.
Полицијата започна истрага од големи размери откако банди млади извршија, како што рече градоначалничката на Амстердам, напади врз навивачите „удри и бегај“, кои очигледно беа инспирирани од повиците на социјалните мрежи.
Пет лица се згрижени во болниците, а повеќе од 60 осомничени се уапсени. Полицијата во Амстердам соопшти дека четворица од осомничените останале во затвор во саботата.
Покрај полициската истрага, холандскиот министер за правда и безбедност Дејвид ван Вел во писмо до пратениците посочи дека владата истражува дали предупредувањата за можно насилство од Израел биле занемарени пред почетокот на фудбалскиот натпревар помеѓу Ајакс и Макаби.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар му понуди на холандскиот колега помош во полициската истрага.
Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, рече дека холандската антитерористичка организација известила пред натпреварот дека нема „конкретна закана“ за израелските навивачи и дека натпреварот не се смета за висок ризик.
И покрај тоа, властите во Амстердам забранија пропалестински демонстрации пред арената Јохан Кројф, каде што се играше натпреварот во четвртокот вечерта. Видео, исто така, покажа голема толпа израелски навивачи кои извикуваат антиарапски слогани на пат кон натпреварот.
„Потоа, млади луѓе на скутери и пеш тргнаа во потрага по израелските навивачи, ги удираат со тупаници и клоци, и брзо избегаа за да ги избегнат стотиците полицајци распоредени низ градот“, рече Халсема.
Шуф се врати рано од самитот на Европската унија во Унгарија и во петокот вечерта се сретна со претставници на еврејската заедница во Холандија.
„Тоа беше разговор за тагата и неизвесноста што ја доживуваат во еврејската заедница. Секој ден тие ги доживуваат последиците од растечкиот антисемитизам во Холандија“, напиша Шуф на социјалната платформа X.
Забрана за демонстрации беше воведена низ Амстердам за време на викендот, а безбедноста беше засилена на еврејските локации во градот, во кој има голема еврејска заедница.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете