Достапни линкови

Крајот на годинава позитивен за администрацијата на Буш


Само пред два месеца, претседателот Џорџ Буш, поради хаосот во Ирак и стагнацијата на американската економија, изгледаше дека има мали шанси да биде повторно избран на оваа функција догодина. Но, како што оваа година се доближуваше до крајот, неговата администрација наеднаш почна да собира добри вести од Ирак, од економијата во земјата и од напорите да се спречи ширењето на оружјето за масовно уништување.

Aмериканскиот претседател Џорџ Буш годинава нешто порано ги доби своите Божиќни подароци. По паѓањето на неговиот рејтинг, Буш пак се врати во игра откако економијата покажа знаци дека заздравува и откако беше фатен поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Во есента рејтингот на Буш имаше опаднато под пеесет проценти, за прв пат по терористичките напади врз Америка во две илјади и прва година. Во испитувањето на јавното мислење што го спроведе Галуп во ноември, само четириесет насто од американците се согласуваа со неговото раководење на земјата. Еден месец подоцна снимките на брадосаното и поразено лице на Садам Хусеин низ американските телевизии и весници ма го зголемија рејтингот на Буш на шеесет и три проценти. Наеднаш, Буш има најдобар рејтинг од кој и да било друг американски претседател во неговата последна година од мандатот. Претходно, слично нешто беше и со Роналд Реган во илјада деветстотини осумдесет и третата година. Бил Клинтон пред да биде по втор пат рејтингот му беше пеесет проценти. Патрик Бешeм кој е политички експерт од американскот Кејто институт вели:

„Тој ја завршува годината многу високо. Последниве две три недели беа многу добри за Буш. Знаете, не беше многу одамна кога работите за него не изгледаа така. Многу е тешко да се каже што всушност се случи. Администрацијата на Буш сега може да ги поврзе точките и да каже дека во смисла на националната безбедност и на економијата, нејзините планови успеале.“

Токму тоа и почна да го прави Белата Куќа. Еве што портпаролот Скот Меклилан

„Заробивме или елиминиравме две третини од раководтството на Ал Каида, што е голем успех. Но војната продолжува. Најдобар начин да победите во неа и да спречите нешто слично како на единаесетти септември е да се борите против непријателот. Токму на тоа е посветна оваа администрација.“

И америкнаците се чини дека веруваат во ова. Два дена пред фаќањето на Садам Хусеин, според Галуп, Буш му водеше на актуелниот прв тркач на демократите Хауард Дин за само четири процентни поени. Но, веднаш по садамовото заробување, Буш скокна за дваесет и три проценти или шеесет наспрема триесет проценти за актуелниот претседател. Сепак, Дин е убеден дека својата кампања треба да ја заснива врз својот став дека војната во Ирак не придонесе многу за безбедноста на Америка. Од почетокот на таа војна во Ирак загинаа над четиристотини и шеесет американски и осудесетина сојузнички војници. Поддржувачите на Буш пак велат дека последните добри вести од таму покажуваат дека администрацијата била во право во врска со долгоречните цели на војната против тероризмот. Во тој контекст го гледаат и договорот со Либија да се откаже од нејзината програма за развивање оружје за масовно уништување. Како и да е, некои експерти сметаат дека и покрај ваквите добри рејтинг резултати, Буш има долг пат пред повторно да биде избран за претседател. Филис Бенис од Либералниот Институт за политички студии вели дека изборната кампања во идната година многу повеѓе ќе зависи од дневните настани отколку што тоа беше во минатото.

„Ние ќе видиме многу поразлична позиција на сфаќањата во Соединетите Држави. Имено, ќе се шири сфаќањето дека апсењето на Садам не ги реши сите други проблеми.“

Вели Бенис, која верува дека поддршката за Буш би се намалувала со секоја друга лоша вест од Ирак.
XS
SM
MD
LG