Достапни линкови

Понудена нова програма за помош на сиромашните земји


Денеска е Светскиот ден на борбата против сидата, болест од која само годинава починаа три милиони луѓе. Светската здравствена организација и Унеидс понудија нова програма со која на сиромашните земји ќе им се помогне во справувањето со ова заболување.

Преостанатите членови на британската рок група Квин и пејачката Анастазија ја изведоа оваа песна во саботата во Кејптаун на концертот посветен на борбата против Сидата. Слично, односно со концерти и маршеви ќе биде и денеска во целиот свет како потсетување на опасностите од Сидата од која, според податоците, се заразени над четириесет милиони луѓе. На концертот во Кејпатун, покрај светски познатите музичари, учествуваше и поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела кој изјави дека сидата убива повеќе луѓе отколку војните, и природните катастрофи заедно.

„Сидата веќе не е заболување, сидата е прашање на човековите права.“

Како дополнување на зборовите на Мандела беше и изјавата на Питер Габриел за сериозноста на последиците што оваа болест ги остава во Африка.

„Во Африка има милиони деца чии родители се уништени од Сидата. Во Африка повеќе луѓе имаат сидат отколку што беа убиени во двете светски војни заедно.“

Според извештаите на Светската здравствена организација сидата, освен во Африка, непречно се шири и во Индија, Кина, Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Виетнам, Русија, Украина, Естонија и Летонија. Токму затоа оваа организација и Програмата на Обединетите нации за борба против сидата објавија дека покренуваат голема кампања со цел да се олесни дистрибуцијата на специјални лекови со кои се врши третман врз заразените со хив вирусот. Како што е познато, се уште не постои вакцина за оваа болест.
Исто така, предвидено е агенциите на Обединетите нации да ја зголемат помошта за сиромашните земји со цел да можат подобро да се бораат против сидата. Генералниот секретар Кофи Анан изјави дека токму тоа ќе биде негова главна задача додека ја прв човек на Светската организација. Според него, ширењето на Сидата е резултат од неподготвеноста на светските лидери заеднички да се справат со болеста. ,,Чувствувам лутина, болка и беспомошност што иако живеам во свет каде што постојат начини да им се помогне на пациентите заболени од сида недостига политичка волја за тоа,, вели генералниот секретар Кофи Анан.
XS
SM
MD
LG