Достапни линкови

Новата територијална поделба нема да предизвика етнички поделби


Новата територијална поделба нема да предизвика поделби врз етничка основа, изјави министерот за локална самоуправа Александар Гештаковски, според кој:

„Развојот на локалната самоуправа е од суштинско значење, за учество на граѓаните во целокупниот демократски процес во Република Македонија, а особрно во делот на развивањето и почитувањето на идентитетот на етничките заедници, нивниот културен, верски и друг дел. Сметам дека целта на реформата која е еден посложен процес што опфаќа неколку сегменти, а еден сегмент територјалната поделба, тоа е законот за територјална поделба и огромен број закони од делот на образованието, здравството, културата, урбанизамот, локалниот развој кои веќе се во собраниска процедура ќе придонесат за зајакнување на заедничкиот живот.“

Токму поради тоа, посочува тој, потребен е политички консензус во контекст на бројот на општините што сега е 123 плус градот Скопје, Гештаковски вели:

„Има повеќе варијанти, никоја од таа варијанти не е ниту доставена до владата. Врз основа на нашите податоци, врз основа на нашите параметри, врз основа на бодирање на сите критериуми во овој период баратеме со околу 60 и нешто општини, вклучувајќи ги и скопските општини кои не влегуваат во овој дел на терирорјална организација. Градот Скопје ќе биде организиран врз основа на друг закон. И во тој дел имаме двостепена локална самоуправа, имаме град Скопје, општини и квартови. Додека другиот дел на територијата на Македонија каде што имаме едностепена локална самоуправа која не дозволува федерализација и регионализација, бидејќи ние немаме политички органи кои би можеле да се организираат.“

Во ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека бројот на општините треба да биде околу 80-тина. Од таму додаваат оти ова е стратешко прашање за нашата држава, бидејќи со новата поделба се прави целосно редефинирање на просторот и токму поради тоа треба да се земат предвид повеќе критериуми:

„Ние инсистираме да има една поширока лепеза на критериуми, која ќе го стави граѓанинот на прво место, потоа културниот, историскиот аспект на просторот, започнатите инвестициони активности во веќе постојните општини,“

изјави Марјан Додовски од оваа партија.
XS
SM
MD
LG