Достапни линкови

Конференција за безбедност и контрола на границите


Со свечено отворање и приусуство на високи претставници на меѓународната заедница и земјите од регионот, конференцијата за безбедност и контрола на границите започнува со амбиција да не биде само уште едно среќавање на премиери, вицепремиери и министри, туку работна средба на која ќе бидат поставени основите на балканскиот акционен план за решавање на проблемите со границите и нивно адаптирање според европски стандарди. Македонија како домаќин и земја која ги препознава проблемите на сите свои четири граници, очекува принципот на регионална соработкја што веќе го промовира со своите соседи да биде препознаен и прифатен.

„Не е само декларативна соработка, туку низ конкретни резултати можеме да кажеме дека навистина е директен дека меѓусебната доверба е на толку високо ниво што и во овие области можеме да работиме заедно, да постигнуваме резултати што се заеднички интерес. Верувам дека наредниот период тоа дополнително ќе го потврди“

изјави премиерот Бранко Црвенковски по средбата со неговиот албански колега Фатос Нано кој веќе од синоќа е во Македонија.

Пораката што со оваа конференција ја испраќа Балканот е дека може и сака да ги реши проблемите произлезени од декадата конфликти. Но, истовремено, високото присуство на меѓународната заедница претставена со првите луѓе на НАТО, ОБСЕ и Пактот за стабилност, нивната декларирана подготвеност да помогнат во решавањето на проблемите, како што се организираниот криминал, политичкото насилство, екстремизмот и тероризмот, во очите на земјите од регионот демонстрира уште една потврда за неменливост на границите.

„Очекувањата за нас би требало фактички да бидат само потврдување на статусот во регионот на границите со гаранции од сите овие меѓународни институции и уште еден аргумент натака кој и да било да има некои идеи дека со примена на сила или други методи може до насилна промена на границите, дека тоа е чиста утопија којашто никој ни во Европа, ни во светот не би ја дозволил и повеќе околу практичните работи околу соработката во граничните обезбедувања меѓу земјите во регионот“

изјави министерот за внатрешни работи Хари Костов.
XS
SM
MD
LG