Достапни линкови

Отпор на Ирачаните и обраќање на Садах Хусеин


Сојузничките сили продолжуваат да го бомбардираат Багдад, додека на патот кон главниот град на Ирак американските маринци се соочуваат со отпор на ирачката армија, јавува дописникот на Радио Слободна Европа Рон Синовиц кој е во колоната со американските сили.

„Тоа беше американска граната истрелана кај Ас Самавах ова утро во додека американските трупи се борат со ирачките војници на патот кон Багдад.“

Денеска и Мосул 390 километри северно од Багдад го погодија два брана бомбардирања. Сојузничките сили наидуваат на голем отпор и кај Насирија, Најаф, Басра и Ум Касар. Ирачката телевизија јави дека кај Насирија се фатени 5 американски војници, а Соединетите држави соопштија дека десет војници загинале, а 12 исчезнале. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека ирачаните ќе бидат судени за воени злосторства доколку ги злоставуваат заробениците. Кај Најаф американците нашле хемиска фабрика која се истражува. Ирачкиот претседател Садам Хусеин денеска по втор пат од почетокот на воените дејствија во воена униформа и се обрати на јавноста ургирајќи да продолжи отпорот.

„Непријателот ја нападна нашата света земја на добри луѓе. Херојски муџахедини удрете го нашиот непријател со сета сила и прецизност за да не можат да продолжат да прават повеќе криминал против нашата нација и луѓе. Со време вие ке ја добиете стабилноста и раскошот како резултат на нашата победа. “

Известувачите потврдија дека ТВ говорот е автентичен бидејки не беше сигурно дали Садам Хусеин го преживел првиот напад на Багдад. Aмериканскиот претседател Џорџ Буш синоќа во Белата куќа порача.

„Jaс знам дека Садам Хусеин ја губи контролата врз неговата земја, а ние бавно но сигурно ги остваруваме нашите цели. Важно е америоканскиот народ да разбере дека војната само што започна. “

Американските сили на теренот соопштија дека вооружени ирачани се појавиле околу нафтените полиња во Румалија но дека сојузниците се во можниост да ги контролираат и заштитат јужните нафтени полиња. Ракетните системи Патриот денеска уништиле еден ирачки проектил денеска истрелан врз северен Кувајт.
XS
SM
MD
LG