Достапни линкови

Поддршка за Македонија за влез во ЕУ и НАТО


Претседателот Трајковски ќе побара продолжување на мандатот на „Килибарните Лисици“ на НАТО на уште два месеца. Тоа ќе и даде време на новата влада да изврши процека и да донесе натамошно решение за ангажманот на меѓународните сили во земјава.

„Тоа значи потесна соработка на безбедносните структури на Република Македонија со НАТО структурите, зголемување на соработката во пограничниот реон и зголемување на безбедноста околу границата, зацврстување на цивилната компонента за разлика од воената компонента и соработка на планот на интероператибилноста,“

изјави претседателот на прес-конференцијата одржана по разговорите со полскиот претседател Александар Квашњевски. На неа е промовирана и идејата за постапна трансформација на мировните регионално интегративни мисии.

Оваа идеја со поддршка и на полскиот претседател кој потврди останување на полскиот контигент во рамките на НАТО и по истекот на нивниот мандат.

Посетата на послката државна делегација предводена од претседателот Алекснадар Квашњевски има повеќе од протоколарно значење рекоа двајцата претседатели. Таа е камент темелник на добрите односи на сите полиња, рекоа двајцата претседатели. Од денеска дипломатското претставништво на Полска се подига на ниво на амбасада, а во билатералните односи Полска ќе го употребува уставното име на Рпублика Македонија.

„Полска е обврзана со усогласувањата и преддоговорите направени со Европската унија кон која треба да пристапи во 2004 година, но кога станува збор за билатералните односи ние сме готови да се вратиме на формулацијата што ја користевме и што ја користиме,“

изјави Квашњевски.

Успешната евроатланска интеграција на Полска во односите со Македонија се манифестира во подршката за членство во НАТО и по самиотот во Прага во ноември. Имено токму полскиот претседател е автор на иницијативата промовирана на самитот во Рига за поддршка на оние земји кои ќе бидат изоставени во првите наредни кругови на проширување на НАТО и Европската Унија.

„Таа иницијатива треба да им покаже на земјите коишто нема да влезат во НАТО или во ЕУ дека не се оставени сами, да не се почувствуваат како човек оставен сам на перонот во ситуација кога возот си заминал.“

рече Квашњевски.
XS
SM
MD
LG