Достапни линкови

Техничките подготовки привршуваат


Државнта Изборна Комисија ги привршува подготовките за престојните парламентарни избори, а избирачкиот материјал веќе е доставн до сите регионални изборни, потврди портолот на ДИК , Зоран Таневски:

„Техничките подготовки за спроведување на парламентарните избори на 15 септември се приведуваат кон крај. Во текот на вчерашниот ден до регионалните и до општинските изборни комисии се доставени избирачките материјали, така што преостанува тие во наредниве денови да ги достават до избирачките одбори.“

Таневски посочи дека по доставувањето на избирачкиот материјал до регионалните изборни коимисии, тие се должни да ги достават до општинските изборни комисии, кои пак еден ден пред гласањето односно на 14 септември го предаваат на избирачките одбори.

Гласачките ливчиња за раселените лица, затворениците и војниците, кои своето право на глас ќе го остварат на 14 септември, до одборите ќе бидат доставени до 13 септември.

Дополнително до комисиите во чии региони живеат претежно Албанци, описите на избирачките места и листите се доставени и на албански јазик.

А, во шестата Регионална Изборна Единица која ги опфаќа Тетовско Гостиварскиот регион од вчера веќе се надминати сите проблеми вели Таневски.

„По укажувањето од претседателот на Општинската изборна комисија дека има одредени проблеми во општинската изборна комисија Гостивар, членови на Државната изборна комисија на двапати ја посетија оваа изборна комисија и во тој период беа формирани сите избирачки одбори, а беше извршена и замена на објектите коишто не беа функционални за изведување на изборите, така што сега подготовките се завршени и проблемите што се појавија се надминати.“

Инаку во нашава земја веќе пристиганаа и поголемиот дел од краткорочните странски набљудувачи а заклучно со денешниот ден треба да пристигнат вкупно:

„Осумстотини педесет и двајца странски набљудувачи.“

Додека бројот на акредиирана домашни наблудувачи изнесува 3 илјади и 999.
XS
SM
MD
LG