Достапни линкови

Почнува кампањата „Медиумска не-видливост на жените“


Она што покажува родовата анализа на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори, е загрижувачко малото присуство на жените кандидатки за пратеници во изборните листи. Речиси и да нема или многу ретко носители на кандидатските листи се жените, вели Билјана Бејкова од женскиот прес центар, а медиумската застапеност на и оние малку жени кои ги имаат првите пет места на листата воопшто и ја нема вели Бејкова.

„Веќе имаме и некои сознанија, бидејќи ги следевме главните информативни емисии на националните телевизии. И таму во прилози направени за 40 митинзи на политички партии, ќе видите дека само една жена говорела пред насобраниот електорат. Зачи, видливоста на жените кандидатки е минимална.“

Токму заради ова во предизборниот период во организација на женскиот прес центар и СОЖМ следува Кампањата „Медиумската не-видливсот на жените“ се со цел нивна поголема застапеност во медиумите.

„Се работи многу на терен, преку различни видови активности, какви што се лобирање кај жените за поголемо влегување во политичките партии, за работа со жените во политичките партии, водичот за гласање и близу седум проценти на населението ќе бидат запознаени со сите права на гласачот во едно демократско општество.“

вели Савка Тодоровска претседател на Сојузот на организации на жените.

Со сите овие активности континиуриано согледавме, вели Тодоровска дека жените речиси и ги нема во медиумите и оттука ја покренавме иницијативата отворено да проговориме со цел да ги најдеме решенијата како жените да се најдат во медиумите.

„Ако жените најдат начин со вистински содржини да бидат присутни на своето место и успеат да најдат соработници, и ги сензибилизираат и луѓето што работат врз уредувачката политика во медиумите, тогаш ќе се најде и решение.“

потенцира Тодоровска
XS
SM
MD
LG