Достапни линкови

Македонско-бугарски односи: Од најдобри пријатели до непријатели


Архивска фотографија - Поранешните премиери на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, во Ватикан
Архивска фотографија - Поранешните премиери на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, во Ватикан

Од договор за добрососедство, до вето за влез на Македонија во ЕУ, протести и остри изјави од двете страни. 

Како дојдовме дотука - Ова се дел од клучните настани кои изминатите неколку години ги одбележаа македонско-бугарските односи:

1 август 2017

  • Потпишан договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија

Македонскиот и бугарскиот премиер Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје потпишуваат Договор за добрососедство, како обид за наминување на отворените прашања во делот на историјата и малцинствата. Во Договорот стои дека се зема предвид заедничката историја која ги поврзува двете држави и нивните народи. Според Договорот, беше формирана и Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Во него стои дека двете држави имаат право да ги заштитуваат правата и интересите на свои државјани на територијата на другата земја. Исто така Бугарија се обврзува да ѝ помогне на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, без поставување услови.

17 ноември 2020

  • Бугарско вето за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ

Македонија со соседна Грција во 2018 го затвора прашањето со името и станува Репулика Северна Македонија, со што Грција престанува да ги кочи македонските евроинтеграции. Следната година, како кочничар се јавува Франција која бара да се почека поради воведување нова методологија во пристапниот процес, за во 2020 година, Бугарија да стави вето на преговарачката рамка на Македонија. Од официјална Софија имаат забелешки за постоењето на македонскиот јазик, критики за неисполнување на Договорот за добрососедство од 2017-та и обвинуваат за кампањи и медиумски известувања во Македонија што содржат непријателство кон Бугарија.

13 декември 2021

  • Кирил Петков станува нов премиер на Бугарија

Осум месеци по завршувањето на мандатот на третата влада, предводена од Бојко Борисов, Кирил Петков, копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ конечно успева да формира влада во Бугарија. Претходно, трипати за една година се одржуваат парламентарни избори, бидејќи нема успех во формирањето политичка влада. Петков најавува интензивирање на комуникацијата со Скопје, што се гледа како можност за затоплување на односите и кревање на бугарското вето.

4 февруари 2022

  • Заедничко чествување на Гоце Делчев

Македонска и бугарска делегација положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје, на 150-годишнината од неговото раѓање. Изјави немаше, а настанот помина под силно полициско обезбедување. Револуционерот долго време беше тема на разговори во Заедничката мешовита комисија за историски и образовни прашања, а членовите не успеаа да усогласат заедничка препорака за него. Комисијата има препораки за заедничко чествување на пет личности - Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски.

Заедничкото чествување на Делчев чин на добра волја, но и повод за тензии
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

16 Април 2022

  • Отворање бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола

Во присуство на бугарскиот премиер Кирил Петков и државната потпретседателка Илијана Јотова, во Битола се отвора културен клуб со спорно име Иван (Ванчо) Михајлов. Низ Широк сокак се организираат протести бидејќи Бугарија бара да се признаат Бугарите во земјава, а не ги признава Македонците кај нив. Во Македонија, Михајлов се смета за соработник на фашистите и негатор на македонскиот национален идентитет, додека во Бугарија е своевиден национален херој.

16 јуни 2022

Се крчка францускиот предлог

На самиот крај на своето претседавање со ЕУ, Франција подготвува предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија и за тргање на бугарското вето.
Иако не е јавно достапна содржината на овој документ, според медиумските објави, со него се прави обид за внесување на барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија за влез во ЕУ.
И во двете држави се објавуваат бројни информации и шпекулации што содржи предлогот и реакции по тие информации.

Македонската власт го чека конечниот француски предлог
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00

22 јуни 2022

  • Паѓа Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков

Главната причина за падот на Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков се економските неуспеси. Споредна причина, пак, се отворените прашања со Македонија и условите под кои Бугарија ќе го отвори патот на Македонија за влез во Унијата. Бугарската опозиција го критикува Петков и неговата партија „Продолжуваат промените“ дека е попустлива во однос на Македонија и дека не ги штити бугарските интереси.

23 јуни 2022

  • Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Бугарија не го крева ветото, но во позадина се водат разговори околу францускиот предлог. Јазикот, историските прашања надвор од рамката и одредувањето кога да се направат уставните измени се клучните македонски црвени линии, според македонските политичари. Бугарското Собрание пак бара ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, европски гаранции за исполнување на бугарските услови, гаранција за правата на Бугарите во Македонија со нивното вклучување во Уставот и гаранција дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од бугарска страна.

Разочарувањето на Борел околу ветото на Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00

30 јуни 2022

  • Францускиот предлог стигнува во Македонија

Стигнуваат најави за опсежни консултации околу т.н. Француски предлог на сите нивоа на власта. Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека историските прашања и Протоколот од Договорот за добрососедство со Бугарија не се дел од преговарачката рамка. Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак смета дека предлогот не е добар и претставува дипломатски нокаут за Македонија. Критики има и од дел од експертите.

2 јули 2022

  • Двонеделни протести против францускиот предлог

На повик на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, под мотото „Ултиматум, не благодарам“, во Скопје се организираат двонеделни масовни протести против францускиот предлог. Во неколку наврати тие ескалираат, при што се повредени повеќе полицајци. Приведени се и десетици демонстранти, дел од нив за учество во топла, дел за фрлање молотов коктел, а има уапсени и за пукање со пиштол во ек на протестите.

Една седмица протести против францускиот предлог
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

16 јули 2022

  • Македонското Собрание го прифаќа францускиот предлог

По тридневна жолчна расправа со 68 гласа „За“ пратениците ги усвојуваат заклучоците за т.н. француски предлог. Дебатата во Собранието се одвива во тензична атмосфера. Опозицијата, со скандирања и свирежи од вувузели, се обидува го попречи прифаќањето на докуметот. Во исто време, надвор пред собраниската зграда се одржуваат протести. Власта убедува дека во спротивното од опозицијата, дека тоа не е пораз за Македонија.

17 јули 2022

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, и неговата бугарска колешка, Теодора Генчовска, во Софија го потпишуваат билатералниот Протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија.
По потпишувањето Османи објаснува дека Протоколот е реципрочен, а шефицата на бугарската дипломатија Генчовска останува на ставот дека Бугарија и понатаму не го признава македонскиот јазик.

19 јули 2022

  • Македонија условено отвора преговори за влез во ЕУ

Во Брисел се одржува првата меѓувладина политичка конференција на ЕУ и Северна Македонија, со што е означен почетокот на скрининг процесот. Преговорите за влез на земјава во ЕУ се отворени, ама нивното продолжување е условено со внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Бугарија непосредно пред почетокот на конференцијата испраќа еднострана деклација дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Македонија во никој случај не треба да се толкува како бугарско признавање на македонскиот јазик.

Прва меѓувладина конференција - скринингот почнува
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

7 октомври 2022

  • Отворање бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Новоформираното здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ отвора бугарски културен клуб во Охрид, градот кој дел од Бугарите го нарекуваат бугарски Ерусалим. Клубот го носи името на бугарскиот цар од време на Втората светска војна, кога Бугарија е дел од оската со нацистичка Германија и фашистичка Италија. На отворањето на клубот му претходи протест во Охрид, на кој повикуваат Левица и ВМРО ДПМНЕ, и на кој се фрлаат јајца кон просториите на клубот и се скандираат антифашистички пароли.
Само неколку дена подоцна оштетена е таблата со името на клубот, а по еден месец со оружје се оштетени надворешните стакла на објектот.

Тензии на отворањето на клубот „Цар Борис“ во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

30 октомври 2022

  • Отворање македонски клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Под силно полициско обезбедување, во Благоевград се отвора македонски културен клуб „Никола Вапцаров“. Меѓу присутните се Миле Бошњаковски, како претставник на македонскиот претседател, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Левица - Димитар Апасиев. Делегациите од Македонија се обидуваат да положат цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, но се оневозможени од безбедносни причини. Пред споменикот се собрани приврзаници на ВМРО-БНД и се скандира „Бугарите и Македонците се еден народ“, „Слобода или смрт за Бугарија“, „Хероите не умираат“...

14 јануари 2023

  • Чествување на Мара Бунева во Скопје

Стотина поддржувачи на делото на Мара Бунева се собираат во центарот на Скопје, за да ја одбележат 95-годишнината од нејзината смрт. Меѓу нив е и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“, која стои зад отворањето бугарски клубови во Македонија. Присутните скандираат „Македонија е бугарска“ и носат транспаренти и постери, меѓу другите, и со ликот на Цар Борис Трети.

19 јануари 2023

  • Напад во Охрид врз секретарот на бугарскиот клуб

Три лица го напаѓаат Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Следниот ден полицијата ги приведува напаѓачите и најавува кривична пријава, а Бугарија со владин авион го носи Пендиков на лекување во Софија и упатува протестна нота до македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска. Бугарските власти случајот го гледаат низ етничка призма, како напад врз правата на Бугарите во Македонија. Од сите страни стигнуваат реакции за инцидентот.

20 јануари 2023

  • Бугари се организираат за посета на гробот на Гоце Делчев

Бугарските организации во Македонија најавуваат масовна посета на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје, на годишницата од неговото раѓање на 4 февруари 2023 година.
Бугарската фондација „Македонија“ ги кани сите Бугари, бугарски политички партии и невладини организации заедно да одбележат 151 година од раѓањето на револуционерот, најавувајќи дека има обезбеден превоз за сите кои сакаат да одат во Скопје.

21 јануари 2023

  • Протест во Софија за поддршка на Бугарите во Македонија

Група бугарски граѓани излегуваат на протест во Софија, пред зградата на Европската комисија, како поддршка за истепаниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, и за правата на Бугарите во Македонија. Протестот го најавува бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. Тој побара итен прекин на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.

23 јануари 2023

  • Совет за безбедност во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски свикува Совет за безбедност на кој во фокусот се случувањата со Бугарија. Тој вели дека чествувањето на Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари 2023 е настан од висок безбедносен ризик, и најавува дека ќе побара од Владата да им забрани на неколку бугарски државјани да влезат во земјата поради нивните постапки. Пендаровски додава дека структурите во Бугарија кои водат антидржавна кампања против Македонија се поврзани со руската разузнавачка служба.

25 јануари 2023

  • Бугарија го повлекува својот амбасадор од Македонија
Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов
Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов

Поради политичките случувања, Бугарија го повлекува својот амбасадор Ангел Ангелов од Македонија. Според бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, амбасадорот Ангелов ќе остане надвор од Северна Македонија се додека, како што рече, Софија не види знаци на промена. Шефот на бугарската дипломатија Милков најавува можност за ново вето за Македонија.

28 јануари 2022

  • „Гоце Делчев“ под стража
Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“
Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најавува стража на гробот на револуционерот Гоце Делчев на 4 февруари 2023, денот кога се одбележува годишнината од неговото раѓање.
Најавите за „херојска стража и целодневно присуство на гробот“, доаѓаат во пресрет на средбата закажана по два дена во Скопје. На таа средба македонските и бугарските власти треба да ги договорат активностите за одбележување на годишнината на револуционерот.

30 јануари 2023

  • Бугарскиот министер за внатрешни работи допатува во Скопје

Министрот за внатрешни работи Оливер Спасовски има средба со бугарскиот колега Иван Демерџиев, на која теми на разговор се нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, и чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4-ти февруари 2023. Спасовски истакна дека не смее да се дозволи инцидент на чествувањето на Гоце Делчев. Демерџиев пак истакна дека нема да дозволат „некои луѓе и закани“ да го разгорат огнот меѓу двата народи. По средбата стигна најава дека бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов се враќа на своите дипломатски должности, откако минатата среда беше повлечен во Софија.

Нема да биде дозволен инцидент на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

  • 16x9 Image

    Јасмина Јакимова

    Новинарската кариера ја започува во 2005 година. Работи како репортер во неколку македонски телевизии, за подоцна кариерата ја продолжува во онлајн медиумите на различни мултимедијални содржини. Добитничка е на неколку новинарски награди. Во декември 2021 година почнува да работи во Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG