Достапни линкови

Кој е „Шиши“ за кого велат дека ја контролира бугарската влада?

Делјан Пеевески
Делјан Пеевески

Делјан Пеевски е моќен бизнисмен, медиумски магнат и пратеник од бугарското опозициско Движење за права и слобода (ДПС). Во деловната и политичката сцена, Пеевски сега е во центарот на политичките обвинувања што го наведоа премиерот Бојко Борисов да го реконструира својот кабинет во минатата недела.

По двенеделни антивладини протести и тврдења дека владејачката партија ГЕРБ е контролирана од зад сцената од Пеевски и ДПС, Борисов на 23 јули објави дека ги заменува неговите министри за внатрешни работи, економија, финансии и туризам.

Два дена порано, владата на Борисов преживеа гласање за недоверба во парламентот, побарано од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), во врска со серијата скандали за корупција.

Новите министри во владата на Бугарија даваат свечена заклетва
Новите министри во владата на Бугарија даваат свечена заклетва

Регионалните координатори на ГЕРБ пред гласањето објавија дека побарале Борисов да ги замени министрите за внатрешни работи, економија и финансии.

Продолжуваат антивладините протести во Бугарија

Во изјавата на 15 јули од партијата ГЕРБ се вели дека смените се неопходни за да се „отстранат инсинуациите дека ГЕРБ и тројцата министри се директно контролирани од страна на ДПС и Пеевски“.

Претседателот Румен Радев, кој е поддржан од БСП, обвини дека „мафија“ ги контролира владата на Борисов и политизираното судство во земјата.

Кој е „Шиши“?

Борисов целосно ги отфрла тврдењата на претседателот. Но, на 16 јули премиерот го користеше прекарот „Шиши“ за да ја идентификува клучната фигура во обвинувањата за контрола на ДПС.

Борисов исто така посочи дека претходната влада на коалицијата БСП-ДПС била под контрола на „Шиши“.

На прашањето на „Радио Слободна Европа“ да ги разјасни овие забелешки, од кабинетот на Борисов е наведено дека тој мислел на „господинот Пеевски“.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов

„Шиши“ потекнува од бугарскиот збор за „голем стомак“, а прекарот се користи на бугарските социјални медиуми за Пеевски.

Но, забелешките на Борисов беа прв пат бугарски лидер да го изговори прекарот во јавна изјава.

Христо Иванов, лидер на ривалската опозициска коалиција Демократска Бугарија, обвинува дека некои од министрите на Борисов и обвинители се избрани од Пеевски и неговата партија.

Според Иванов, Пеевски извршил притисок врз владата предводена од ГЕРБ за назначување на неговиот избор за министри, како и на обвинители меѓу кои и на главниот обвинител Иван Гешев.

Радев: Бугарите обединети да ја повратат земјата од мафијата

Иванов го започна бранот на антивладини протести на Бугарија на 7 јули, кога се обиде да закотви бродче на затворена јавна плажа покрај брегот на Црното Море, во близина на летниот дом на пензионираниот основач на ДПС, Ахмед Доган.

Иванов беше вратен од стражарите кои, според Радев, биле од Националната служба за заштита (НСО), која е одговорна за заштита на претседателот, премиерот и други високи јавни функционери.

Радев вели дека НСО нема мандат да ги штити поранешните политичари како Доган.

Христо Иванов
Христо Иванов

И Иванов тврди дека инцидентот ги потенцира тајните врски помеѓу владата на Борисов и опозициската ДПС.

Уличните демонстрации се раширија откако обвинителите на 9 јули извршија рација во канцелариите на претседателските помошници на Радев во Софија за, како што рекоа, истрага за откривање на државни тајни.

Демонстрантите велат дека рациите се дел од долгата историја на злоупотреби од страна на официјалните претставници на ГЕРБ и политизираните обвинители кои ги таргетираат своите ривали.

Борисов: Румен Радев е сценарист на сè

Радев во 2019 година се обиде да го блокира назначувањето на Гешев за главен обвинител со улични протести, тврдејќи дека тој ќе стори малку против корупцијата на високо ниво.

Демонстрантите ветија дека ќе продолжат со демонстрациите сè додека целата влада на Борисов не даде оставка заедно со Гешев.

Движењето на Доган

ДПС тврди дека ги застапува интересите на етничките Турци во Бугарија и другите малцинства.

Основана е во 1990 година од Доган, во времето кога им беа одземени правата на етничките Турци по присилната асимилациска политика и масовните протерувања во 1980-тите, под режимот на комунистичкиот диктатор Тодор Живков.

Доган е пофален од американските дипломати кои помогнаа да се постигне договор за да не дојде до етнички судири во 1990 година, односно за неговата од подготвеност да постигне политички компромис со поранешните функционери на Бугарската комунистичка партија во преименуваната БСП.

Лидерот на Движењето за права и слободи Ахмед Доган
Лидерот на Движењето за права и слободи Ахмед Доган

Правата и слободите на етничките Турци и другите муслимански малцинства во беа обновени по постигнувањето на тој договор, заедно со основните права за сите Бугари.

Оттогаш, Бугарија го призна ударот во комунистичката ера врз муслиманските малцинства во земјата како чин на етничко чистење.

Со текот на годините, Доган го водеше ДПС во управувањето со коалициите со БСП, како и со ривалите на БСП.

Дури и во опозиција, ДПС беше значителен политички актер за промена на гласањата во парламентот.

Со 25 пратеници кои моментно се наоѓаат во Националното собрание со 240 места, ДСП продолжува да го задржува овој тренд како трета најсилна политичка партија во Бугарија зад ГЕРБ и БСП.

Доган официјално се пензионира како претседател на ДПС во 2013 година.

Но, тој сè уште е „почесен претседател“ на партијата и останува една од најмоќните политички фигури во земјата.

Борисов „ја преживеа“ интерпелацијата

Во 2014 година, Борисов го опиша Доган како „најдобар политичар“ во Бугарија, наведувајќи ги неговите врски со моќната приватна медиумска група и клучните судски фигури.

„Доган беше првиот што сфати дека ако има медиумска империја и контрола над судството, тој би можел да владее“ без формално да биде на власт”, изјави Борисов за веб-страницата „Медиапул.бг“ во 2014 година.

Неприкосновен медиумски магнат

„Медиумската империја“ на која се осврна Борисов е онаана 39-годишниот Пеевски, кој во 2016 година Радио Бугарија го опиша како „неприкосновен медиумски магнат“ во земјата, со контрола на над 20 весници, приватен ТВ канал и новински веб-страници.

Пеевски ја започна својата политичка кариера во 2001 година на 21-годишна возраст како најмлад член на владата на поранешниот бугарски крал Симеон Втори.

„Време е да одлетате“ - протестите во Бугарија и барањата на народот

Неколку илјади луѓе се собраа во Пловдив во знак на протест против оставката на премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев.
1/26 Неколку илјади луѓе се собраа во Пловдив во знак на протест против оставката на премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев.
„Ги каниме поранешните слуги на Пеевски да си дадат оставка 405 дена. Да не трошиме време заедно едни со други“, се наведува на плакатот што го носеше жена која протестира во Пловдив. Референцата се однесува на протестите по номинирањето на Делјан Пеевски за шеф на САНС.
2/26 „Ги каниме поранешните слуги на Пеевски да си дадат оставка 405 дена. Да не трошиме време заедно едни со други“, се наведува на плакатот што го носеше жена која протестира во Пловдив. Референцата се однесува на протестите по номинирањето на Делјан Пеевски за шеф на САНС.
Демонстрантите во Пловдив ги минаа булеварите „Цар Борис Трети Обединителот“ и „Шести септември“ и го завршија својот марш на плоштадот Единство.
3/26 Демонстрантите во Пловдив ги минаа булеварите „Цар Борис Трети Обединителот“ и „Шести септември“ и го завршија својот марш на плоштадот Единство.
"Баба, тие ве лажат! Јас не сум тука да ги вратам оние што ги мразевте. Јас сум тука за да живеам подобро! # оставка".
4/26 "Баба, тие ве лажат! Јас не сум тука да ги вратам оние што ги мразевте. Јас сум тука за да живеам подобро! # оставка".
„Не сакам ГЕРБ! Не сакам БСП! Не сакам ДПС! Сакам млади луѓе кои не крадат од нас!
5/26 „Не сакам ГЕРБ! Не сакам БСП! Не сакам ДПС! Сакам млади луѓе кои не крадат од нас!
Протестант во Пловдив со плакат на кој пишува „Време е да одлетате“.
6/26 Протестант во Пловдив со плакат на кој пишува „Време е да одлетате“.
Последната точка на демонстрантите во Пловдив беше зградата на обвинителството.
7/26 Последната точка на демонстрантите во Пловдив беше зградата на обвинителството.
Незадоволните луѓе користат и маски со пароли наместо постери.
8/26 Незадоволните луѓе користат и маски со пароли наместо постери.
Од протестот што се одржа протест во Варна.
9/26 Од протестот што се одржа протест во Варна.
Традиционално, луѓето се собраа пред општинската зграда во Варна и потоа одеа во поворка.
10/26 Традиционално, луѓето се собраа пред општинската зграда во Варна и потоа одеа во поворка.
„Сакаме иднина во Бугарија. Дали е тоа многу?“, Се наведува во еден од постерите на демонстрантите во Варна.
11/26 „Сакаме иднина во Бугарија. Дали е тоа многу?“, Се наведува во еден од постерите на демонстрантите во Варна.
Демонстрантите во Варна минуваа низ пешачката зона пред Окружниот суд и маршираа по булеварот Владислав Варненчик.
12/26 Демонстрантите во Варна минуваа низ пешачката зона пред Окружниот суд и маршираа по булеварот Владислав Варненчик.
Од протестите во Варна<br />
&nbsp;
13/26 Од протестите во Варна
 
Протест се одржа и во Шумен. Тој беше четврти по ред. Незадоволните се собраа пред Окружната управа и маршираа.
14/26 Протест се одржа и во Шумен. Тој беше четврти по ред. Незадоволните се собраа пред Окружната управа и маршираа.
&bdquo;Јас нема да емигрирам! Вие заминете!&ldquo;, Од демонстрациите во Русе, каде се одржа и друг протест со кој се бараше оставка на премиерот и главниот обвинител.
15/26 „Јас нема да емигрирам! Вие заминете!“, Од демонстрациите во Русе, каде се одржа и друг протест со кој се бараше оставка на премиерот и главниот обвинител.
Меѓу транспарентите на протестот во Русе имаше и такви со ликот на студентот Евгени Марчев. Тој беше идентификуван како еден од демонстрантите претепан од полицијата на протестот&nbsp; во Софија
16/26 Меѓу транспарентите на протестот во Русе имаше и такви со ликот на студентот Евгени Марчев. Тој беше идентификуван како еден од демонстрантите претепан од полицијата на протестот  во Софија
Демонстранти во Велико Трново со плакат со ликот на Делјан Пеевски.
17/26 Демонстранти во Велико Трново со плакат со ликот на Делјан Пеевски.
Стотици хора от старата столица излязоха по улиците на 16 юли с искани за оставка на правителството.
18/26 Стотици хора от старата столица излязоха по улиците на 16 юли с искани за оставка на правителството.
Демонстрант носи транспарент во Пловдив.
19/26 Демонстрант носи транспарент во Пловдив.
&bdquo;Ова повеќе не е држава, ова е сцена на злосторство&ldquo;. Ддемонстрации во Варна.
20/26 „Ова повеќе не е држава, ова е сцена на злосторство“. Ддемонстрации во Варна.
Незадоволни од владата се собраа и во Разград.
21/26 Незадоволни од владата се собраа и во Разград.
&bdquo;Уморен сум да сонувам дека еден ден ќе го видиме крајот на мафијата&ldquo;, пишува на еден транспарент во Пловдив.
22/26 „Уморен сум да сонувам дека еден ден ќе го видиме крајот на мафијата“, пишува на еден транспарент во Пловдив.
Антивладин протест се одржа и во Враца.
23/26 Антивладин протест се одржа и во Враца.
Од протестите во Враца
24/26 Од протестите во Враца
Протести во Видин
25/26 Протести во Видин
&bdquo;Силни сме силни затоа што сме заедно&ldquo; - од протестот во Пловдив.
26/26 „Силни сме силни затоа што сме заедно“ - од протестот во Пловдив.
Previous slide
Next slide

Подоцна, тој се приклучи на ДПС и ја претставуваше партијата како заменик-шеф на Министерството за вонредни ситуации во 2005 година.

Фаворизиран од Доган, Пеевски наскоро ги изгради своите деловни активности и медиуми, додека држеше разни јавни канцеларии и освои место како пратеник на ДПС во парламентот.

Борисов со нови мерки за помош на загрозените во време на пандемијата

Во 2013 година тој беше назначен од коалициската влада БСП-ДПС за шеф на Државната агенција за национална безбедност.

Но, тој поднесе оставка од таа функција по само еден ден, во време на масовни протести против именувањето.

До 2016 година, Пеевски, наводно, поседувал неколку градежни компании и, наводно, стоел зад сенките на оф-шор компании кои го поседуваат Булгартабак, најголемиот производител и продавач на тутун во земјата.

Булгартабак е обвинет од страна на Турскиот одбор за истраги за финансиски криминал и дека е еден од најголемите шверцери на цигари во Турција.

Анкара исто така го обвини Булгартабак дека е тесно поврзан со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која се наоѓа на списокот на терористички организации на Европската унија.

Новинари без граници (РСФ) велат дека група на компании контролирани од Пеевски опфаќа околу 80 проценти од печатените медиуми во Бугарија, како и приватна телевизија и веб-страниците.

„Корупцијата и дослухот помеѓу медиумите, политичарите и олигарсите е широко распространета во Бугарија“, вели оваа организација со седиште во Париз, оценувајќи:

„Најозлогласеното олицетворение на оваа состојба е Делјан Пеевски, кој наводно поседува два весника (Телеграф и Монитор), но контролира и ТВ канал (Канал 3), веб-страници за вести и голем дел од дистрибуцијата на печатени медиуми“.

Во меѓувреме, како што вели РСФ, владата на Борисов „продолжува да ги распределува европските и јавните средства за медиуми со целосен недостаток на транспарентност, со ефект на поттикнување на примателите да се воздржат од целосно покривање на одредени проблематични приказни.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG