Достапни линкови

Продолжуваат антивладините протести во Бугарија


Протест во Софија

Илјадници луѓе маршираа во градовите низ Бугарија на веќе тринеделните протести за да бараат оставка на владата на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев. Демонстрантите блокираа неколку големи крстосници во Софија за време на работното време, со што сообраќајот беше скоро во застој. Демонстрантите ја обвинуваат владата дека одржува врски со мафијата, одбива да се бори против корупцијата и да го реформира судството и ја потиснува слободата на говорот. Тие велат дека Борисов не сторил ништо за да ја спречи корупцијата.

Борисов „ја преживеа“ интерпелацијата

Вчерашните протестите во Софија и другите градови беа поголеми отколку претходните денови, а учесниците во Софија ветија дека ќе останат на улиците сè додека не се исполнат нивните барања. Оние што пристигнаа од другите делови на Бугарија беа повикани да донесат шатори, ќебиња, вода и храна како подготовка за продолжување на протестот.

Радев: Бугарите обединети да ја повратат земјата од мафијата

Протестите беа предизвикани од рација пред три недели од страна на Јавното обвинителство во седиштето на претседателот Румен Радев, кој е критичар на владата. Тие продолжија и покрај тоа што во минатата недела Борисов замени четворица министри со цел да се стави крај на повиците за негова оставка.

XS
SM
MD
LG