Достапни линкови

Корона вирус - верувале или не


Герила акција за држење растојание поради корона

„Доста лажете бееее....“ „Самите си го правиме ова“ - се само дел од вашите коментари на Фејсбук за интервјуто со министерот за здравство Венко Филипче.

Неделното интервју на РСЕ овој пат беше со министерот за здравство, Венко Филипче. Прегледот на вашите коментари и постови на нашата Фејсбук страница го почнуваме со две сосема спротивни мислења, иако употребените епитети не се баш со најпримерен јазик. „Доста лажете бе ....“, постирал Хари Барлакоски. Дејан Писовски му се обраќа директно на авторот на постот: „Хари Барлакоски, достаааа .....!“

Претходниот наш посетител очигледно не верува дека постои Ковид-19, а вториот, пак, е свесен за опасноста и реагира на употребениот навредлив епитет. Такви, отприлика, се и другите реакции по интервјуто на министерот Филипче за нашево Радио - верување и неверување, потсмешливи сликички, навреди, противставени дебати... Драги Арабаџиев пишува: „Апсурди на квадрат. Затворете ги фирмите, затворете ги моловите... сите во самица, во гета до потполна зоолошка градина и ние во кафези. Уште колку ќе нѐ трауматизирате?“ „Уште онолку колку што треба“, му одговара Христијан Алексовски и додава: „Кога имавме шанси да го спречиме ова се правевме паметни, не носевме маски, не почитувавме дистанца, не го користевме карантинот за да ја спречиме заразата, е сега, за да ги минимизираме човековите жртви од нашиот дебилен и несозреан однос кон опасноста ќе трпиме вакви глупости. Сами си го правиме ова...“ Драган Стојковски се вмешува во дебатата, па почнувајќи со навреда, му препрачува на Христијан Алексовски: „... Ако се плашиш, седи дома. А, патем, ќе има поголем вирус, вирус на гладниот човек, ќе јаде живи“.

Елизабета Таневска смета дека треба „итно карантин, 24/7 две недели, не вака“, но и тука има контра мислење. Весна Николовска постирала: „Кој карантин, малку ли ни беше, вклучи го мозокот, доста верувате во превари“. Захарија Ќорвезироска разумно: „Домашните забави, свадби, крштевки и родендени си го прават своето. Треба еднаш да разбере овој несовесен народ дека затворениот простор е опасен“.

Поднесено е обвинение за екс пратеничката Силвана Бонева за случајот „Друмарина“ бидејќи поднесувала лажни фискални сметки од патарини со што за патни трошоци ѝ се исплатени над 100 илјади евра. Ацо Колоски порачува на нашата ФБ страница: „Тоа се НАРОДНИ пари, да ѝ се ЗЕМАТ и да му се ВРАТАТ на обичниот народ“, а Изет Бафтијар пишува во стихови, веројатно реагирајќи на фотографијата на Бонева:: „Бонче париче кап кап купче убавина“. Но Горица Андреева се чини добро памети, па прашува: „А што стана со аферите за Рашковски, Дончев... Ова е ситна риба“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG